Денес бевме на семинар за агилност и откривме дека Беки имала скриен талент. Ја пофалија дека многу е паметна и има одлична основа за овој спорт, но како и секој териер сака да крати за побрзо да стигне до нејзината цел и е многу нестрплива. Нема ден кога не ме прави горда!
Лара, 12.03.2006 - 17.11.2018 Најдоброто нешто што ми се случило во живот. Засекогаш ќе те памтам и засекогаш ќе бидеш на посебно место. Нарачав портрет да изработат од тебе мила моја и ќе стоиш на челна позиција на влез и излез, бидејќи ти беше најблиску нешто до Бога за мене.