Многу се мили и мирни, глас не им се слуша. Плашливи се, им треба време и внимание за да се навикнат. Моите живеат во посебна соба, најчесто се пуштени, некогаш ги затворам во кафез. На лето ги пуштам и во двор, ама треба да внимаваш можи да избега а и да го пазиш од други животни. Околу храната, еднаш во денот во исто време секој ден им давам купена храна. И еднаш им давам зависи, некогаш морков, краставица, салатка или леб. За хигиена, сечење нокти, белиот го капам неколку пати годишно бидејќи има подолги влакна, а другиот никогаш. Не знам за други ама моите лом прават, па треба да чистиш по нив насекое кога се пуштени. А кафезот јас го чистам еднаш неделно. Се надевам ме сфати.
Веќе 2 дена се дружиме со Душман, мојот најнов миленик, 3,5 месечен доберман пинчер, од најјаката крвна линија на Алтобело кенелс, воедно и меѓу топ 3 најјаки и најрепутабилни одгледувачници во Светот каде што ФЦИ статусот е признаен. Сега за сега се е во ред, малце е стегнат и се држи ниско со телото, а се плаши многу од мачорот мој кој не си ја дава територијата. Има време, ќе поработиме и на тоа. Инаку Душман има стекнато хигиенски навики (бара да мочка на пеленка исклучиво), знае базични команди (седи, лежи, глас и да дојде на повик) а во иднина ќе полага и најразлични испити. Ма срценце ми е!