Јас имам ново милениче. Запознајте го Роки. Мешанче е некое, па нема да порасне уште многу. Ветеринарот му го дал на татко ми. Првите 2 дена беше многу плашливо, не можевме да му се доближиме. Потоа почна да трчи по нас. Јас сакав да го крстиме Зајко, ама сестра ми мислеше дека тоа е ужасно име за куче. Од друга страна дедо ми мислеше дека треба да му дадеме некое страшно име, затоа што на мали кучиња најмногу одговарале страшни имиња. Ама на крај пак победи сестра ми, што да правиш... Најмала е...
Еве ги моиве пак. Се кријат позади корнез и прават глупости таму. Ќе ги фатам некогаш, па ќе ви покажам слика.
Ова е лепотицата Суки,која исто така е многу голема лошачка и едвај ја фативме во кадар за да ја сликаме (инаку сликата е од пред 2 месеца и Суки сега е дупло поголема од колку што е на сликата) ако некој ме препознае ЛП зошто ги имам ставано сликите на фејс
Па не се баш мои, но бидејќи скоро секој ден сум кај срцката моја мала исто како мои да се.. Малечкото Белко и Срцката Рики, кое што цело време се бацуваше... I miss youuu
Еве ги моите Ова е Бошко, го добив како поклон за роденден и многу си го сакам А еве ја и Леа а.к.а Шмизла(татко ми ја завика така и така и остана) иначе ја чуваме кај баба ми а ми беше поклон за полуматура. Додека ја чувавме кај нас дома цело време ми носеше цвеќиња во кревет од скасијата на прозор што ми стои и после тоа ќе ме разбудеше со душкање на носот Сега е кај баба ми во село зашто си бараше мачор и моравме да ја однесеме и од тогаш имаше 2 легла а на пат е третото . Ама за жал од неа ја имам само оваа слика во компјутер ако најдам уште некоја ќе ставам