Моето ново, необично милениче Трики. Трики е младо бебе тарантула од видот grammostola pulchra, вид кој е особено мирен, сталожен, со долг животен век (женките живеат до 30 год.) и одличен за почетници во нега на тарантули (како мене). Трики не е разбран од многу луѓе, но тоа не му е битно зашто добива сѐ што му е потребно од мене како негов негувател. Моментално Трики е дебел и изгледа подуен во абдоменот ради тоа што му се ближи сезоната на менување кожа. Ова значи дека ќе порасне во поубава, посилна и поотпорна тарантула.
Лајк ставив ради постот кој е полн со љубов кон миленичето и убаво напишано за некој како мене што нема поима од пајаци.Инаку се плашам од собни пајаци од тарантула би имала кошмари секоја вечер Друго ме интересира дали е отровен и како си играш со него?Зарем толку долго живеат пајаците
На мене пред да го земам своето ми беа језиви и чудни, не ги разбирав најмногу, но колку повеќе го посматрам пајачево, толку повеќе ме фасцинираат животинкиве. Пајаците 90% од времето ќе бараат начин да избегаат од опасна ситуација, отколку да нападнат, така да многу голема е веројатноста дека тие се поисплашени од нас, него што сме ние од нив. Терариумот му го отварам само кога треба да му дадам храна или вода, или пак да ја проверам состојбата на супстратот (голема drama queen е ако има поголема влага од тоа што му треба, бега од терариумот како духови да има). Видот на Трики има послаб отров од една пчела, а и општо, ретко напаѓа. Напаѓаат со тоа што испуштаат влакненца кои ја иритираат кожата. Зависно од видот, имаат различен животен век, специфично грамостола видовите се познати по долгиот животен век, а има и видови чиј век е драстично пократок.
Навистина интересно објаснување дури научив и нешто.Фала за појаснувањето.Значи јас имам многу заедничко со нив.После твоето објаснување помалку ќе ми биде страв од собните пајаци ветувам
Колку ти е убаво дома цела банда Браво девојче си спасила четири од улица види им среќни фаци, браво!
5 се, ама само 3 се од улица, другите две ни се земени од пријатели. Многу се срцки сите, Мада сега за сега свекор ми, свекрва ми и мајка ми се заслужни за нивното чување оти не можевме да ги земеме тука, ама многу ми фалат.