Каде ако не прашам тука. Вака сега: по доолги разговори и преговори да си земиме милениче (јас бев против оти претпоставувам дека за некое време мене ќе ми ја префрлат обврската да се грижам за него) синот денес донесе кученце од 3 месеци кое треба да го чуваме во стан. Не знаеме која раса е ама е мал раст (така ни рекоа). Е сега молба до вас поискусните за совет во врска какање, мочкање, хранење абре сеее што можете да советувате оти ние никогаш не сме имале искуство со домашно милениче (освен рипка хаха). Фалаа
Значи навиките се најбитни. Дали ќе го чувате надвор или внатре во домот? Доколу го чувате кученцето дома, мора да го научите да мочка и кака или надвор, доколку имате двор или на тераса. Никако не му дозволувајте дома, сеа нормално на почетокот ќе ви праи беља, но во најскоро време навикнете го. Сепак и не е баш толку многу мало, што помало тоа подобро, од мало нека се навикне и да си знае каде треба. Може да му купите и пелени и таму прво да го научите да врши нужда. Исто битно е и да си има свое место во домот, има убави интересни креветчиња за кутриња и да знае дека тоа место е само негово.Проверете низ пет шоповите. Или пак ќе спие со вас? Во однос на исхраната, најдобро е да јаде специјализирана храна за кучиња, има сува храна во зрна и конзерви од меснати преработки. Ги има во сите маркети. Може и повремено да му давате и од вашето јадење, но најдобро е неговата храна да си ја јаде. Во зависност од тежината се дава толку пати на ден и во онолку количини колку што пишува на пакувањето. Избегнувајте да го храните со зачинета, лута и блага храна, не чини. Да не заборавам најважното секогаш мора да има вода за пиење до него, посебно па сега во лето.Мора да се хидрира. Вакцини има примено до сега? Доколку не, носете го на ветеринар нека прими, ќе му дадат и книшка, која воедно е и пасош за миленици, во која ветеринарот ќе води евиденција во врска со вакцините и останатите прегледи при посета на ветеринар.
Фала многу... Има книшка и следна вакцина треба за две недели. А за мочкање, какање на балкун да се постави пелена? Синот вчера го искапи со нашиот шампон. Дали е тоа во ред или има посебни шампони за кучиња?
Има посебни шампони за кутриња по пет шоповите, а за мочкање може пелената на балкон да се стави ако не сакате внатре да мочка.