Преубави се Сакав да те прашам дали мачево ви ги уништи столиците Имам столици обложени со еко кожа и лом ми ги направи
Не ни пробувај еко кожа да ставаш, посебно ја сакаат за гребење Некој подебел текстил, ни јас не сум нашла уште нешто што нема да му се запне баш. Ама еко кожа не, не
Јас купив од тие навлаките за столици за да ги заштитам колку толку. Нека ги уништи нив барем не ми е жал. Омилена активност е пентерење по столици и гребење по кревети. Ѕверка моја, вака ми спие.
Што убава е оваа тема,омилена ми е на форумов. Денеска се спремам за фризерај на моиве. Што ќе испадне од нив,ќе видиме,
Преубав е. На прозор е? Мојава ме исплаши сега, на тераса на ограда скокна. На 4ти сме, не знам дали има чувство дека е високо и дека не смее да скока долу. Ја пазам да не излези ама струја е. Малку смешни пози.
Тој е љуби га мајка,го размазив ама ме слуша,и гушкалец лигав е,ама има плашлива душа. Другото белото,е миленичка на мм ама мојов е попаметен,француските пудли се стварно умни кучиња. Им купив тренинг ѕвонче,кога ќе им се јаде да ѕвонат,тој научи одма и сега умот ми го вади инаку за со деца идеални се,се претвара во 3 год.дете и не престанува да игра со деца,многу е внимателен,малтезерката не сака да игра,ама она е чешит табиет,не сака да гази во песок,не сака во вода,не сака да ја вознемируваат,овој е чиста спротивност. Еве ги на одмор пред 2 год.
Уште повеќе ме радува што се повеќе луѓе чуваат мешанчиња и ги вдомуваат. Јас исто имам мешанче, но веќе не е моја бидејќи е заљубена во татко ми и не сака од него да се двои. Кога ќе ја земам кај мене, тагува по него, во депресија паѓа. Очигледно и они си избираат кој ќе им биде soul mate.
Да. Сега да земав куче ке си земев од улица,апсолутно,не би зела расно. Но,во времето кога ги земавме,се соочував со страв од кучиња и не размислував со овој памет сега што го имам. Се грижам секојдневно за неколку маалски,тие не се лигават ко домашниве и душата би ја дала и за нив.
Да, на прозор е, имаме мрежа за кокошки на сите прозори Ние сме во куќа на приземје и во стан на први, па секаде мора така, лепи желен е за истражување