Тука има ептен тажна фаца Бевме под Кадиица, највисокиот планински врв тука а таму дува од сите страни, мислиш ураган е Сега одам надвор, викам ќе одам да ја видам и од цел сноп праз извадила еден и го однела кај неа И фаца - леле ќе ме убијат сега
Технички гледано скоро дома ја сместив Порано куќава имала 2 влеза, 2 фамилии живееле .. и на другиот влез е исто како на нашиот..има едно како "надворешно" ходниче. Значи врата, ходниче па влезна врата.. епа во ходник седи. Надворешната и ја оставам малку отворена за да излезе кога сака. Топличко и е таму, цел ден сонце го грее ходникот.. До сега не се ни измочкала ни искакала таму, се надвор оди Додуша преку ден кога сум дома ја пуштам по дома да шета ама кога не сум и не можам со мене да ја носам кај што одам таму седи, повеќе речи спие, пошо кога и да одам она спие.. Сепак нема надвор бокс да и направам, барем не оваа зима. Не е врзана ама научи да не оди на улица, така да сега за сега е ок.. Вчера цел ден го преспа во кола.. бевме нагоре и јас и ја оставив вратата од кола отворена за да излезе, а таа се качи на моето седиште, си легна и после 4 саати стана Спанка убава