Јас чував пред неколку години, доста време. Треба огромен аквариум, имаше стандарди по кои треба да се водиш. На крај купив огромен контејнер од џамбо и тој го надрасна. За жал, ја донирав во зоолошка градина, каде ќе има цело езеро за себе и многу пријатели. Срце ми пукна, ама вака барем знам дека ги има сите услови за живот. Ја учев со гупи да лови, за побрзо да се адаптира. Некој да ме упатеше од старт за условите, ќе се размислев, а во пет шоп ги продаваат во мали пластични садови и викаат доволно им е. Ај важи викам. Плус треба термална сијалица и доста јак филтер, пошо прљаат повеќе од риби. Ако имаш финансии и простор, што да не.
Не знам. Одамна немам видено да ги продаваат по пет шопови и подобро е така. Жално е колку ужасни совети даваат во пет шоповите, па мали им умираат. Во право е @GrimTheReaper . Им треба многу простор. Димензија на сад: 2 (ширина) х1 (должина) х1 (висина) во метри. Можеш на стаклар за поефтино да ти го направат. Ако имаш доволно простор, другото лесно се решава.
Се согласувам. Ги преферираат како прв миленик за децата, а воедно ништо не знаат за условите. А во пет шоповите за профит, ќе ти увалат се. Барем сакам сега да мислам, дека си нашол жена и имаат дечиња. Цело езеро е полно со нив. Друго е водно животно, не можеш да го пуштиш да прошета. Мене пилцине ми се во кафез од некоја средна големина, ама од 24 часа, 16 се надвор, летаат на сегде. И се знае во 8 саат, вечераат и сами се прибираат. Е сега секој ден бришам поклони од нив, ама па греота е при крилја да ги затвориш. Башка што се зависни од технологија и гледаат филмови со мене и јутјуб клипови, дури научија да менуваат видео
Со samsung мобилен, не е некој нов, убаво излезе зашто лепотанов се намести на чиста позадина и седеше мирен, а инаку е качен на фрижидер, јас од доле сликнав
Ајј колку е убав, не е тигрица така? Сакам и јас папагалче ама не знам со мачето како ќе се сложуваат, рипката ја криеме сегде.
Розенколис е. Со тигрици имав лошо искуство, многу прав имаат под крилата и цело време им паѓаат пердуви. Овој е темпераментен, брзо лета и се пентари горе високо секогаш. Нема шанси да го фати мачето