Фала ви женички...многу лош начин умрела, излегла од двор и ја згазила кола, свекор ми не приметил одма дека ја нема, оти стара беше и знаеше да си дреме со саати надвор без да пушти глас...може да ја видел одма ќе ја спасил ама ете...немала ни крв ни ништо, се надевам дека тоа значи дека умрела брзо...стара беше и онака околу 12 год, не ни знаеме колку оти од улица ја собравме, ама не можам да поднесам дека не дочека смрт со нас околу неа, туку сама на улица и на дождот. Пошто е улична знаеше да се пази и покрај тоа без надзор не ја пуштавме ама ете. Другите кучиња пробале да ја разбудат, ја буцкале со нозете, се испраќале, цел ден плачам. Извинете што темава не е за ова, ама сакав да споделам, беше најмирното, најмилото куче на светот, постојано не лижеше, не можевме да ја галиме од што само што и подадеш рака/ нога одма без престан лижеше, и цупкаше со ножињата за внимание, без да пушти глас. Душа моја.