Ептен е мирна и весела цело време. Сака да се држи во раце и особено да стои на рамо како папагал. Сама си се качува по рака и ако се осети исплашено или несигурно одма кај мене оди. Не ѝ пречи и други луѓе да ја држат и галат. Срце од гуштерче, не се каам што одлучив да вдомам повозрасно геко, наместо да купам младо. Претходно од мала живеела во пластична кутија со поден греач, откако ја земав ѝ направив голем терариум приближен на живеалиштата во дивина за овој вид гекони.
Колку ти е шлакнат гуштеров Му се вртат виножита, црви, лисја во главата. Доста ти е забавно со таа фаца да ја гледаш цел ден