И јас ќе прашував ама си велам рано е, многу е лудо моево уште, трауми ќе има пилето. Ќе почекам да се смири.
Јас големиот знам дека ќе го утепа, врапче и два гулаба има утепано во времето кога го пуштав надвор А малово се плаши од гулабите на тераса
И јас со намера да прашам за истото. @joy1 И ние имаме папагалче исто како на јоу. Мачево уште когаа го виде ококори очи и само трча по него. Мачево е многу мало се надевав дека ќе се навикне но по тоа што гледам како реагира мачево мислам дека нема шанси
мачките се поагресивни.Мене мачор ми има изедено зајаче.Зајачето го чувавме како милениче тогаш.Кучето еве не прави проблеми.Лае,се вртка околу него и толку.А мачорот седи со часови пред кафез и чека шанса да го зграби.
Исто. Нашево маче плаче ако го затворам во друга соба и не сум до него. Само кога не сме дома папагалот го затвараме во друга соба. Тешко дека ќе живееме заедно и среќно долго време.
Нас телевизорот ни го преврти за рипче што е на горна полица и скриено со цвеќиња можам да замислам по папагалче што ќе прави. Некако разделени понатаму ко ќе е поголемо ќе ги чуваш, нема друго.
Затоа имате нов телевизор? Отвараат врати мачките, тешко дека можам да ги разделам. Размислуваме да го дадеме папагалот, го сакаме премногу и не можеме да ризикуваме. Ако му се случи нешто нема да си простам никогаш
Да, го скрши стариот. Многу е немирна, многу глупости има направено, може помирно ќе се погоди вашето. Најдобро така за папагалчето, ама не брзај дури е мало, може ќе се навикнат.
Абе на кучево мое гулаби од тањир му јадат, на морските прасиња им се радуваше... ама кучињата не се предатори, мачките се. Тешко во мир да живее мачка со "плен" во нејзини очи
И моиве двајца отвараат и затвараат врати. Еден плакар шибер има, внатре се затвараат и спијат. Добро е што комарниците не ги корнат на прозори, кој ќе ги додржеше иначе. Малово уште не е ушљифано, ама големиов, ни ѕирче ни проѕирче да нема, иначе ништо не го запира.