Не знам дали ве имам запознаено со приновата - Киро. Тој е бебе на мајка ми. Киро беше љубов на прв поглед. Го најдов кога се шетавме со Пес и само шо тргнав кон него се втрча кон нас и не "одбра". И со Пес се согласуваат предобро. И ептен ми значи кога си идам, пружам раце и скока в раце да се гушка. Го имаме и Спиро ама мајка му дојде и си го крена од двор ( од комшии го земав и мајка мачка не се согласи со то и сега чекаме целосно да го одбие). И веќе старите ми ги знајте, Величе, сега познат како бишка или цимерот на Демон. Хоби му е да каса кога нешто не му е по ќеф. И да вришти. Зато меркам да сец-сец јајцата. За ум. И Пес, или разгалениот и прибирлив драма квин и манекен во влакнестото семејство ама во исто време најдружељубив.
Нешто мерак има на цвеќиња и растенија. Ќе сликав едно цвеќе, ама мораше да се уфрли од нигде во кадар неговата лепота да се фати, не цвеќето.