Продавам зајче лавја глава околу 4 месеци. Не би го продавале, меѓутоа имаме мало дете, а ова е одговорност плус, бидејќи немам време да го издресирам да си ги извршува физиолошките потреби на едно место. Го имаме малку време. Со зајчето оди нов кафез, поилка и тањирче како и сено, мусли. Имаме и една вреќа пилевина доколку некој сака. Сеното е основна храна на зајчето и треба да има 24/7, но таа споро се троши, а од муслите се дава по малку околу пола чашка за кафе два пати на ден. Вода исто така треба да има 24/7. Секој ден свежа и млака вода. За физиолошките потреби може да се стави пилевина, но подобро е со брикети или рециклирана хартија. Во прилог и слики. Спојлер: Теди
Значи оваа тема ми е најомилена од цел форум, ме смирува, ме радува, делува како лексилиумче. Кое од кое милениче поубаво. Ма сите се најубави. Да ни се живи и здрави.
Еве ги моите. Експериментирам со фотографирање, ова црно бел ефект. Инаку многу сакам со јак сепиа ефект да ги едитирам сликите така да да личат како антика и излегува преубаво. Тука Коко и Оскар спонтано си лежат, Коко нешто сонува а Оскар го чува. Братчиња.