Мојата Софти си расте и се дебелее. Стомачето и е како буре, јаде по стопати на ден. Сум ја приметила, душа дава за суво лепче... мајка ми ќе и стави чиниче со мевце, манџичка - ќе лицне, ќе мацне; а кога ќе и фрлам кришка леб се здавува, се возбудува како да е последно нешто на светот. Инаку ова е Мики - персиски мачор, што многу одамна го чувавме, ама го подаривме зашто ни беше премногу тежок за чување.
Леле колку ти е слаткоо обожавам Црни Мачки и тоа скрос скрос црни (ако веруваат црната мачка носела ,,несреќа,, јас размислувам различно оти Теза моја-Тезаурус-Тези(обожавам чудни имиња) 2 пати год се пораѓа со по неколку мачиња и има 4 год.)
^ И нашата вака при помош иде, ама не од страна, директ на глава се качува не знам дали мисли вештачко дишење да дава или што и е илипили...абе мачево...какво буце бре, буре
Најубавата фотка од дембелиот што успеав да ја фатам. Mалце ретардиран е на сликава, така, глупичок И сега имам обид да го сликам со капче новогодишно. Не верувам дека ќе успеам, ама мерак ми е .
Ова ми е мачорот Хепи искрено многу сум изненадена од него тој сам ги отвара вратите и многу ме сака само кога му се јаде и кога сака да го чешкам инаку не ферма никој eптен е мачо типче
Грижа за домашните миленици Да многу ми е важна хигиената.. чувам Bichon Frise а бело е ко снег, и коа ќе го изнесам надвор веднаш се валка, така да Претежно ја хранам со Pedigree , али глеам ретко ми ја јаде повеќето ја сака онаа домашната ние шо јадеме тоа и таа А омилена храна и е мевцето Па посебна навикаа.. коа сака да оди по нужда бидејќи живеам у стан и на тераса има ко посебна подлога ''памперс'' и коа и се мочка лае и гребе по вратата ии многу си ја сакам, а проблемот е во тоа што многу сум приврзана за неа а се прашувам како ќе ја издржам таа болка кога ќе ја нема.. Иначе се вика Abba.. има 2 годинки