Тешко Косми, како. Баш во ист месец и луѓе ни' заминаа, други се разболеа, тој почина, ептен беше да не знаеш кај да тераш уште ич не ми е верно. Почнав секој викенд да одам во Лајка, ми фали куче, а не можам никако да се убедам сега за сега да земам, па така некако преживувам
Од сега ми е страв да се разделам со моиве плишковци. Веднаш земи куче. Се изначитав на оваа тема,нема никој да го замени,само болката ке ја намали.
Знам, само уште ми е пресвежо некако. Со маливе се тешам Бев на раб да си донесам едно магаренце дома, ама не ми даде душа, а и не знам како ќе го сместев и него во сите 40м2 стан Ако некој си го бендиса иначе, се вика Лаци, јас го викам Кежо, спремен им е за вдомување, џиновско бебе е, мисли дека е lap dog
Моето грижливо бебе Го прифати новиот член. Инаку тој е машко а женското цело време бега од малечково маченце.
Како човек што е опсесивно поврзан со кучето, те разбирам скроз Дај си малку време, те чека понатаму некое ново крзнено ѕверче кое ќе ти даде најмногу љубов.
Јас изгубив куче пред 2 години. Тоа никогаш нема да го заборавам, прва љубов ми беше, еве и додека пишувам ми навираат солзи и куп емоции. Нема да го прежалам никогаш, изгубив не само миленик, туку дел од семејство. Некои луѓе тоа не го разбираат, за нив е "само" куче. Земавме друго куче, зошто ни фалеше дома куче. Таа позитива која ја имаат природно во нив. Не дека го заменува тоа што починало, туку ова е нова љубов, нова енегрија.
Знам како е, некој што ти бил член на фамилија и крајно приврзан за него еден ден го нема, јас за кратко зедов друго куче едноставно не можам без животинче. Не е замена, туку си е нов карактер, нова љубов, и секое си има место во срце
Точно. Затоа викам јас ги имам маливе, па со нив некако сега за сега се тешам Без животинче никакво не можам да замислам да живеам
Што му е? Спие постојано? Однеси го на ветеринар, може е дехидрирано многу е малечко, ќе му стават инекција ако е. Немој млеко кравјо да му даваш, не е добро за мачиња. Нема ништо хранливо за него и тешко го варат, може е прегладнето.
Леле јас тоа му давав леле. Постојано спие и сега дише со отворена уста ама како да дише премногу тешко. Малку цифка. Што да му дадам??? Немам друго млеко. Устата му е цело време затворена. Очите му беа залепени ама сега му се отворија
Го имаш прочистено од внатрешни паразити? Тие знаат да се кобни за мали мачиња, кои ако се родени надвор ги префаќаат од мајките. Носи го на вет. Ќе му стави инфуз и ќе го прочисти.
Има млеко во прав за миленици во пет шоповите и мали шишенца. Не знам колкаво е, ама има и паучи со месо за бебиња од 1-2 месец, за ко ќе е подобро. Нека е затоплено само завиткај го во нешто и вода давај му вечерва, па ќе го пратиш како ќе е. Утре однеси го на ветеринар, ќе го средат таму, а може и храна ќе ти препорачаат.
Не сака ништо стрв ми е да не му ставам вода да не се угуши. Камо да го знаев ова со млекото порано ногу ми е жал