Мојот боксер кој веќе 3 дена го нема(ако го видите или го препознаете врзан кај некој во двор контактирајте ме)!
Леле чував како мала мачорче со потполно иста шарка. Преубави спомени ми врати. Љубни го од мене. Срцка.
Добро ова чудо го чуваш? Оф,ми се гади од вакви,а вистинска атракција ми се,признавам,ама се плашам јас.
Повторно јас. И мојот љубеник, моето џбрле, прасе, жапче, битанга,палаво&непослушно дете заробено во тело на куче.Ми недостигаш Бато! Да-Бато се вика-не ми се допаѓаше името од педигрето и дури цел месец му се обраќавме со: мали,ш'ц,еј бате, куц-куц и слично. И на крај му остана само Бато.И најсмешно беше кога ќе викнев "Бато!" а татко ми,приглув е на левото уво, ќе ми рече "Што сакаш?". А сега празен е дворов без тебе Батињо мој, само старата смоква жалосно и немо си чмае во двор. [/spoiler]Ми го украдоа пред 3 недели. Доколку забележите 6 годишен тигрест боксер, полу-инвалид(криви на задната нога) ве молам обратете ми се во ЛП. Се разбира дека следи награда. Доколу е потребно и ќе си го одкупам назад.