Таман се израдував дека ќе ставам слика овде од моето кутре, дека ќе си го гушкам и ќе си го шетам, ми јавија дека умрело еден ден откога прогледало. Ќе се начекам јас додека да дојдам до куче.
А јас пак ќе си чекам додека да ми стигне самојадчето,треба да порасне малку,па да го зимам,и плус,тракатанците,книшка,родовник и 100 други глупости.Ајде,едвај чекам да помине месецов,ги бројам деновиве ко затвореник. Редактирам за да не бидам офф-топик.Еве некое сликче и од Рикич мој.Борецот на дада.
^ Уффф,ќе полудам.Сите си имате бебиња за гушкање,а јас ќе чекам цел месец,до моето мало пувче. Ова рикиштево,не стои на едно место,се движи со брзина на светлината.Па ајде,фати го.
Чекам слики и од Рики,самојадот на rossonerka.Ако е во можност,ќе ја замолам да прикачи,да го ѕирниме убавецот.И ако е сеуште со неа,секако.
Нормално, за ништо не се откажуваме од него иако како старее така се инаети и збудалува Периодов имавме 7 пуфкасти мали Рики Џуниор и еве некоја слика од нив
^ продадени се сите уште пред 1 месец Шансите да најдеш чистокрвни самоједи за подарување се и помалце од минимални. Мешанчиња има, подаруваат, често ги парат со хаски или лабрадори, може ко мали се пак бели пуфки, но кога ќе порасне се разликува од чистокрвен самојед. Али затоа има доста ефтини самоједи, може мислам да се најде, бар според мене 50сетина евра не се многу за куче.
Ја измачивме денес со сестра ми, саат ипол ја држевме во када Не знам колку крзно од неа извадивме, едно убаво пролетно шишање и удривме. Па три пати со шампон, и обавезно со течност против крлежи и болви (наеднаш фати повеќе крлежи, мислам дека ги фати од комшиското куче што ни се вртка околу двор). На крајот само легна и заспа... Не и беше до дружење, се измори
Не е мое, на чување ми беше на еден ден додека да го дадеме на сегашната сопственичка. Ама многу беше мил, си игравме цел ден, и ми шеташе врз тастатурата кога седнав на фемина изгледа не сакаше да си игра сам и за тој ден додека го имав си го викав Рони
Бастер, 8 месеци наполни, домашното ни куче, пит бул, ама карактер - пудлица. Што да кажам освен дека нема некој шо нема да го засака, душа најголема.. Мајка вика - Грујо треба пари да ми даде, како 3то дете ми е И да, како детенце ни е, се разбира, се слуша, и нормално, најсакан е. Слики од помал кога беше, и какво палавко е сега.