Да ве запознаам со мојата мачка (рис, лисица) Жаде. Немојте да ми се смеете и вие на името што и го дадив, но незнам зошто, кога ја земав одма ми текна тоа име, и реков готово, а ако нема ни Ж од Жаде, ама ај. Многу диво мачорче, кое незнае да се гале, освен кога му се спие и искажува емоции на коњски начин Но, затоа почесто си го добива по гз, па шо ако, гајле и е, не бре, кој те шиша, одма пак ќе ти скокне, и ќе те јаде, гребе... Сите и го имаат стравот, и исто како некое куче да чуваме, сите прашуваат, мачето пуштено ви е тука?
Во Бугарија имав желка - Џорч Мачката ми Мрфи И другата ми мачка (белата) Нифертити-Фифи И кучето ми Џина Сите живееа во исто време дома, беше многу забавно
Еве го моето најубаво маче на цел свет не ми замерувајте ама за мене е најубаво има 6 месеци, ангорче, ко пуфче е само за гушкање
Еве го моево мачорче и помило нема. Многу е мирен и културен. Сликиве се од лето, кога крзното му е смалено, сега почнува да се прави како пуфче. На овие слики татко ми го храни, мачево секогаш внимава да не гребне, да не касне, ептен е внимателен и никогаш не пушта нокти. Кога спие ништо не го интересира, што сакаш прави му. А сега кога почнаа дождовите и ладното, само чека пред врата за да отвориме и да се мушне внатре, има едни папучки што му се омилени и директно над нив легнува, ама така стуткан за ни едно влакно да не му е на земја.
LivingGlam и јас имам исто мачорче како твоето, истите бои ги има и ги поседува сите навики како твоето, каква коинциденција
Ливинг, ова ли е мојот селски мачор ? xD Хуху, исти се тотално. Дури и ја прашав мајка ми дали е дома, или си ми го зела ... Спојлер Кога ќе можам ќе поставам слики Слики на мачорот немам во овај пц, но затоа ги имам овие... Најубав момент ми беше кога пристигнав и ја побарав, а мајка ми ми рече да ја следам, отидовме и ја најдов вака, сама го нашла пакетот и тука ги донела на свет овие маченца
Не можев да одолеам на темава, какви се сите прекрасни Јас имам француска пудлица Мики, имам само една слика од него од проста причина што не сака да се слика,имам и две мачки едната голема и дебела, а другата е малечка и мрзлива, имам и златна рипка но немам слика од нејзе
леле срциња убавки,да ви ги ручкам starfish маченцето ти е препрепреубаво и околу 5 мин се ѕверев во него. што раса е [ако е раса де xD]
На првата слика е Кики, моето прво папагалче. За жал не е веќе со нас. На втората е Буби. Во пар е со Венди, ама од неа немам моментално слика во компјутеров. Инаку е светло сина, многу убава, јака женска
Нема раса Стандард маче од стандардна домашна мачка. Само послатко од браќата и сестричките. Еве уште една сликичка од мрцината мала. Многу брзо расте.
Дулсе, плавава тигрица ти е машко,не е женско. На машките носот им е син, а на женските розев. Јас го гледам син носов, ама може не се познава на слика убаво,или јас сум троа ќора.
Мачкава ја имам уште кога имав 5-6 години. НА село се наога и многу си ја сакам, порано беше малку лошка не даваше многу да се гали а сега можеш цел ден да ја галиш сигурно што ретко ме видува. Од лани се сликиве. Meet Jina