Шаренооково лепотиче утрово го снема од мојот двор Ако има некоја феминка од околината на Струга доколку некаде се види веднаш да ми соопшти...
Летоска најдов еже во дворот. Си го крстив Силвестер или на кратко Силвер... беше сивкасто затоа. Го гледав до Септември се шеташе во дворот, ама после дојде есента и се прибра. Се надевам пак ќе го видам, зошто беше попитом од другите ежиња и можев да го држам во раце без да прета.
Внучињата на моето маче. Сега колку се израснати... Ги подаривме сите 3. Тигрестото беше Тигаро, сиво белото се викаше Муце, а сивото Гала. Ама Гала беше дама и пол. Дозволуваше да се гали кога ќе сака. Тигаро, како машко, најмногу попушташе, а Муце, името најуникатно му е, Муце беше мило женско маченце. Таа беше и најслаба во леглото, но сега е мендо.
еве го мојот коко http://www.youtube.com/watch?v=MtcmYq3Jb74 http://www.youtube.com/watch?v=_kZpnWFE ... tlMoZ3coYA
Незнам зошто, ама црните мачори се најдобри. Имаат добар карактер, дружељубиве се... имав еден, ист како твојов, ама го нема веќе.