моето папагалче почивај во мир,малецко мое.Го чував иначе долги 10год.што е прилично чудно за вакви папагалчиња. Кики се викаше имам и мачиња некои што ги чувам кај баба/дедо,ќе ставам некој ден и од нив
Убаво маченце. Очигледно децата кое го чуваат не му обрнуваат многу внимание, а и не го хранат доволно чим викаш дека било многу гладно и слабо поради тоа, затоа сметам дека треба ти да го чуваш доколку имаш можности и услови, би било супер и за тебе и за тоа сонце
Eве неколку слики од моите сонциња.. И од тие што ми останаа и од тие што се во други домчиња. Oва ми е единствена слика од мојата единствена Ронда Овде маченцава имаа одвај две недели, а сликава е сликана само неколку дена пред Ронда да не напушти.. Никако не можев да ја тргнам за да ги сликам маченцава.. Толку што ги штитење.. Сонце мое.. Tука душињава имаат три-четири недели.. И последнава слика е од мојов сештојадец Мише Колку го сакам, паметничок мој И сега си ги имам само Мише и Кукица моја, првото лепотиче на сликава подоле, само што сега е многу поголема
Домашни миленичиња Тада да да да дам Ви го представувам Буцко.Да, да Буцко. Зошто Буцко, затоа што наводно било како прасенце. Кученцето е уште малечко, ама мајка му умре. Одвај чекам да си идам дома да си оиграм со ова крзнено топче
тоа белко со сиво е најновото, ама девојче е, баш ми е гајле, срцка е лошо е излезена само, лоша ми е камерата а и ептен прета
Tоа кутето што нана, и тоа матето црно со протокалово не се мои, ама ги сликнав кога бев на факс-кучето и на кафе-мачето морав пост врз пост сориии
Ова кученце што ќе го видите подолу, во малку чудна поза се вика Луна. Стара е околу 7-8 недели. Не ја знаеме расата, бидејќи ја најдовме покрај една плажа. Порано кога беше помала сакаше да се мази, а сега само каса, неможам ни храна да и дадам без да дојде да ме касне.
Лена сите сме го имаме тој проблем Во овој период запчиња му раснат сака да каса. Ко мало дете кога гриза се и свашта еден период така и кучето си има таков касачки период Ќе му помине, но за тоа време ти сепак карај го и не му дозволувај да каса, за да знае во иднина дека така не треба да прави. Сеа внимавај дома на мебел И да купи му играчки за грицкање потврди во пет шоп или во Џамбо и ќе си ги грицка тие. Инаку еве го моево кога имаше 1 месец Една слика ланска со другарчето на Рики кое за жал го удри кола И тие што сакаат да чуваат самоједи или кучиња со долги влакна нека го видат Рикица за време на митарење Лани се митареше долг период, а годинава од едно бањање и чешлање еве што остана. Инаку во светот има одгледувачници на самојади кои ги преработуваат влакната и прават волна од нив исто како овчички се Сега пак има големо крзно секоја есен си има нови влакна еве вчерашна слика. То е то
Еве го моето чварче, како малце помало, во цутот на младоста, кога тазе почнавме да вршиме нужда во тоалетот.
И јас си чував порано многу животинчиња мачиња, морско прасе, пилиња, папаглчина, а сега си чувам кутренце сибирски самојед женска се вика лана и има само 3 ипол месеци.