Душичево го најдов на улица, го избањав, го исчистив од болви, му купив ремче против болви и се надевав дека некој ќе изрази желба да го вдоми но ништо. Нема да го вратам на улица, но имам уште една мачка која не го прифаќа само го брка. Како да ги зближам?
На мојот мачор му донесов мало маче и на почетокот само го тепаше. Барав по интернет како да ги зближам, гледав My cat from hell и полека, полека успеав и ги зближив. Им давав заедно да јадат, истовремено ги галев, истовремено си играв со нив итн. Проблемот е што се борат за територија.
И јас постапувам исто па ќе видиме Мислам дека е поагресвна бидејќи е смачна кај и да е треба да се омачи. Да видиме дали ќе дочекам мир во дворот
Ми треба помош, пријател на татко ми му дал бебе зајче (мајката ги отфрлила сите ги газела и несакала да ги дои) ако го опраиме демек Ок има 2-3 дена дали и толку, уште е келавко и слепо многу ми е жал...Се што знаете за бебе зајче би ми било од корист...читав дека замена за мајчиното млеко би било козјо или мачешко...но незнам каде би молзела мачка во моментов Му давам разредено кравјо млеко, со капалка по неколку капки на секои 2-3 саати. спие на топло во кутија со кебенце...Помош девојки, ви благодарам однапред на сите
Од минатиот пат кога ставив слики, срцињава мноогу пораснаа и конечно имаат имиња Ова е Мики (омилениот) Ова е Хани(бал), ама изгледа требаше да го крстам Вил зашто многу сака да биде покрај вода А оваа принцеза е Кира, најсрамежлива е ама кога ќе почни да се гали незнае кога да престани
Најдов едно кученце и си го земавме, бидејќи беше чисто отидовме каде што го најдовме, баравме сопственици, оставивме број ама ништо... Потоа го почувавме, многу се зближив ама дека беше женско го дадовме, сега си чекам мало кученце од нејзе, очекувајте слики, секако ако роди, ако не друго ќе си земам Сепак, еве ви слика, многу ја сакам иако не е веќе моја, за жал А си имам и две папагалчиња. Душички мои. Малку се диви, не се питоми, ама пак си ги сакам. Белкото е женско и се вика Кики, а зеленкото е машко и се вика Боки. Spoiler Боки е наше. Мислам ние го изведовме. Мајка му избега, татко му умре, за жал.
Е, ич не разбирам сега.. што е лошо ако се има женско куче? Освен тоа што има период 2 пати годишно, ништо друго нема лошо. А, сте можеле да ја стелиризирате и немаше да ви раѓа. Машко ако земете, многу полошо ќе биде зошто кога им е време за парење ќе спобудалуваат по женките, ќе клецаат се' живо и диво, а и мажјаците не се послушни колку и женките. Женките се поприврзани и повеќе сакаат да се галат со нивните допственици, а мажјаците можат да бидат намќорести. А, и ќе треба да го пазиш од уличните кучиња зошто мажјаците се тепаат за територија. Јас земав женка Ердел Териер и еднаш ќе ја парам ради тоа што има педигре, а и ретка е расата. Кога ќе ги продадам сите кутриња, ја стелиризирам и раат ќе сум од напалени мажјаци, нема да се доближуваат до неа зошто ќе знаат дека не е плодна. И да не бидам оф топик: