Моментално немам милениче, ама со душа чекам на пролет маче ќе добијам Иначе овде ќе оставам слика од последното милениче, кое ми беше многу мило и питомо, а за жал сега го немам повеќе.. Срцево мое што позира овде се вика Рики
Се сложувам со La.Reina.Del.Sur , кученцето е Машко. slagana07 ти мила моја чуваш машко самоједче, а не женско На сликите кај што лежи на грб многу добро му се гледа к*рето. Ако не ни веруваш на нас тогаш однеси го на ветеринар и он ќе ти потврди дека е машко, а не женско како што имаш пишано. пс. Немој да се чудиш кога за некој месец ќе почне да крева нога на мочање
Дечки кутрето до сега било неколку пати на ветеринар вакцинирано е и проверено дека е женско а за информација машките кучиња имаат и покрај к... уште нешто за да биде комплетно
Женско е кутрето има право. Загледајте се поубаво и ќе приметите И јас сум цел живот со кучиња и можам да распознаам и по слики, сигурно ветеринарот кај што го носат ова кутре не е некој ретардиран па да гледа к** а да тврди дека е женско. Кутренцево е чупенце И моето кученце е бело и изгледа како да има мушки полов орган од причина што и они имаат влакненца таму.. Понекогаш си се прашувам дури да не е машко
Ха! Еве го и клапе мој. Нема име, т.е има ... пиле и ѕверче се вика наизменично, и срце и душа Мене ми е среден род, папагалче, ама инаку е женско, ама нема врска. Со план сум да и купам дечко ама ќе видиме. ОД бебенце е со мене, еве веќе има 7 месеци милката, поклон ми е од него. Мал милион папагали сум имала, и премногу ги сакам и им се посветувам и исто толку плачам кога ќе ги снема, а претежно ми ги снемува, абе како некој да ме проколнал. Да не навлегувам во подлабоки тематики, еве го душето, колку што ме нервира и ме вади од такт толку си го сакам. И тоа ме сака .... аахаха. Кафезот мислам дека му е Александар Палас од животиснкиот свет, играчки лулашки огледала, дрн мрн, 10 такви со јадења, витамини ... Абе срцка сум. Ама поклон ми е и кафезот, да не се закитам со туѓи перја. Претходниот мој кафез ми беше жолт исто голем, ама веќе му пројде рокот. Пилево инаку само јаде, и тие благите што треба секој ден едно топче, моево јаде по цело такво на два дена Каква газдарциа такво милениче. А јас си го разгалувам. Ај доста дрдорам еве го дебелото љубовче.
Еве ми го Џони како позира со раперска капуљача и блузичка од едно плишано мече, и како спие. Спанко...
Нов член на мачкинската ми фарма: едно од трите малечки на Жуки Тука беа малце надвор, убаво беше времето, сонценце, па да си поиграат малце. Сликано пред... 3 недели.Ги немам видено од тогаш, мајка ми вели само јадат, како јагниња се
Ајде повторно да ми ја видите мојава кучетина. Бууууууууууууууууууууууууу, немој некој да ме закачнал, еве го ѕверот кој се крие во Белла, вака изгледа после убиство, и ај некој сега нека ме закачне да ве видам Ве лажам , сликава е од летото кога госпожата лижеше сладолед после шетање, цркната, уморна, се разлигави, лом се направи, тоа на ноџињата и се нејзини сопствени лиги .
i И имам едно прашање.. Да не знаете каде можам да купам ноктарче/грицкалка за нокти на мачиња? како на видеово http://www.youtube.com/watch?v=X0AT7IXdugc
Дојде време да го презентирам мојот пес/брат/причината за целата моја среќа. Ралф, мој верен сопатник во последниве 11 години:
Знам дека претерувам со сликиве во темава, но освен на тато и на форумов нигде на друго место не можам олку да зборувам за него. И да, овде е во новите тренерки од кои не се дели т.е. ‘ржи на секое соблекување.