@Jordanovska-K, мачево ти е Да го грабнеш и да бегаш, преслатко нешто! Инаку, дома моментално имаме лилјак, а не мачка. И плус оперска пејачка. Ставивме мрежа за да може непречено да ни стои отворена вратата кон задниот двор, а да не излегува мачкицава. А таа мрежата си ја претвори во средство за вежбање на своите акробатски вештини, па не дај Боже да се симнеме долу во двор, веднаш почнува да ги демонстрира (во превод „Како тоа вие одите надвор, а јас тука треба да седам? “). И фино и лесно ќе се искачи до горе и мислиш дека дома ти живее лилјак, со дебел мев. Е, на крај, кога ќе реши да се откаже, седи пред мрежава и почнува да пее песнички, секогаш различни (како демонче е на сликата). Ама тоа и' е, Надвор не смее. Има други мачки, болви, чуда, неее...
Леле цуцааааа ♥♥♥♥ преслатка ееее, Ние обожаваме прозорци и ако може би да скокаме. Види го прикачениот фајл 219321