Бебињата мои Имам над 400 слики од нив така да можи да замислите колку ми беше тешко да одберам само 4
Две од четирите малечки. Овие се помирни и повеќе се галат па повеќе имам прилика да ги сликам. И од другите две ќе ставам слика да ги фатам во поза само иако нон стоп се во движење и лудуваат.
Long time no see. Ама пусто жешко, ме мрзи да се активирам. Спремно е за на егзорцист. Со позиве при спиење никогаш не престанува да ме изненадува. Истегнато како црево, жешко му е. Ама тоа не ја спречува да спие врз ќебе. Логикава... Многу сака да лежи и да спие ВРЗ наслонот од фотелјите. Како го собира тој дебел газ - не знам, ама ете... Еве го зајаков мој. Уште има криза на идентитет. Овде сака надвор. Не се џитка веќе на мрежата, голема е и тешка, ама ќе се качи на највисоката точка и ќе се мести да ја земе човек и да ја однесе во двор. Ем е големо воле, ем сака да спие на скала што му е мала. Ама пуста љубов... Доказ на дело дека љубовта боли. Барем нашава. Ме лиже, ама ноктот ми го забодело до коска. Еве ја тука, завиткана меѓу новата завеса за во купатило. Многу се радуваше. Не може дома да се донесе нешто, а "кучево" мое да не го издушка и да го испита. Тоа е. Инаку, ја стерилизирав. Комплицирано беше да се бара прописен мажјак, чуван дома. А беше греота во таква очајна состојба. Додуша, греота беа и моите, што не можеа да спијат со денови. На 2 пати. Па ја однесов на ветеринар, ја оперираа и закрепна за многу кратко време. Ама додека почна да пие вода и да јаде - срцето колку оревче ми беше од грижи. Како и да е, постепено сама си ги извади конците, дека хирург, нели, а сега има само лузнички и кратко крзно, уште обоено во плаво. Јаде како стока, посмирена е, помрзлива, помалку агресивна. Како дресирано куче е уствари. Маза над мазите. Освен кога ќе и' се спојат жички. Ама кратко трае. Убавица моја ми е таа.
Смешко заспан со исунчано носе Лежи на сонце во најжешкото и носето му се излупи. Ќе треба фактор да му клавам.
Ејјј..па зашто така со зелени да не слуша? Јас знам дека сините знаат да бидат проблематични. Мене ветеринарот ми укажа на веројатноста да и се намали или скроз да го изгуби слухот од страната на синото око. Ама последно време приметувам промени кај другото око, не уво. Еднаш и е јако жолто еднаш јако зелено. Не знам дали да паничам пошто мачкава освен тоа, функционира сосем нормално. За слухот сеа за сеа фино слуша, ќе видиме за понатака..