Ова ми е БЕЛА и сигурно се прашувате оти Бела па не е бела по боја, па името го одби од БЕЛА по убавицата и ѕверооо... а и си ја сакам најпоќе ако некогаш знам да речам ахх Белоо бељоо мојааа
Дали навистина си ја почувствувал љубовта? Реторско прашање кое понекогаш одминуваме да дадеме одговор. Јас конечно ја разрешив загатката, бев долго во потрага, бесцелно барав во шуплината на дрвата, во длабнатините на земјата, низ кислородните атоми во воздухот. Љубовта се тие две. Затоа што секојдневно ми ја даруваат. Го знам тоа. Кога никој нема, тие се крај мене, ме смируваат, дишам во ист ритам со нив, живеам по тактот на нивното предење, вдишувам од нивните воздишки. Доста промени претрпеа, пораснати, здебелени. Души! И ова се екстремно креативни пози што ги фатив. Лево Вафи во кола, легната на даската од задниот дел на колата, и Бубу десно се валка по спалната.
Еве слика од моето срце.За жал веќе го немам, исчезна пред околу месец дена, никаде го нема го баравме насекаде.Најверојатно е отруено, имаме многу луди комшии Душата моја, премногу ми фали..
марко..беше и он дотеран за веридбата и прв ги пречека гостите а и цела вечер се шеташе гордо со машната
Ииииии колку е срцкасто, буценце едно Машко е, а? Да не бидам оф топик, еве и една слика од мојата будала
Еве пак некоја слика од мојот мачор Колку сака да ми спие во џемперот... Оваа е денешна слика... Нели Василица е па се маскираат сите... и мојот мацушник се плеткаше тука... Па радо се послужив со неколку пердуви од опашката на мисирот... и мацушник е маскиран