Пред 1 недела ми дојдоа од некаде па ги сметам за мои... Никој не ги побара, ни мајката дојде по нив никој. Ги прашав соседите не се нивни рекоа. Им ставив корпа на терасата и тука спијат. Засега им давам само млекце, може ли некој да ми каже што друго да ги хранам и каде се продава храна за мачиња.
Малите мачиња во најголем процент не се толерантни на лактоза, па доколку им даваш млеко треба да биде неварено или бар разредено со вода. Изгледаат доволно големи за тврда храна која освен по пет шоповите можеш да ја најдеш и во поголемите маркети, во кам и жито е поефтина. Друго многу битно е да ги прочистиш од глисти. Со оглед на тоа дека се мали едно апче ќе ти биде доволно за сите, околу 30 денари е. И ако не можеш да ги задржиш убаво би било да им најдеш некој што би се грижел за нив.
Најдов една слика од кога беше мал, каков беше топче. А ова другото е хрчкото на брат ми, ама ми беше на гости па го чував доста долго.
Влезеш во темата и се заљубиш @Vitaly Немам зборови, слика и пол, љубов на прв поглед, како мали рисови се, пресовршени! @kim.k Абе Дизни филм! Како ледена- есенска кралица е со тие килибарни очи! @Yowannty Убава, плава и смешка, поубаво не можеш да ја опишеш, баш е лејди бркоња @ceca-1 Ме потсети веднаш на Ама истата! А сега кажувајте каде сите живеете да дојдам да ги или галам или крадам
Десен клик Search google for this image и види дали ја дава некаде. Зошто сите мислат од интернет е? со инстаграм ефект е сликана затоа изгледа како со професионален апарат сликана.
@Vitaly леле овие твоите мачиња најубави ми се, а видам негде вакви мачиња значи скокам, ги торозам, ги плачам ... А интересно е колку мачки имам ни една немам ваква. Да не сум офтопик, Зошто немам дозвола за дома, сега куќарката сакам со стиропол да им ја прам, зошто прајме дома фасадата па чекам да видам колку ќе се сожали тато да ми дај да ја средам, топло да му е зимава, поубо од лани.
Не, и мојата мачорКА е, ми ги краде стрволинките или што би рекла сестра Рамизе - Од уста делев за тебеУште кафе фали да пиеше