izvini ama nekako koga ja vidov kako od internet da e posto taka site gledat vo kamera i nekako ne e priroden efektot
(Луси мојата убава тигрица ) (мојот луд канаринец Ванила и во позадина мојата златна рибица која е со мене 6 години )
Кога си сме сами дома си стојме дома: А и кога ќе седат вака мачките дечко ми вика „се диплат“ Спојлер: Пијана Мачка
Знак дека навистина застуде е тоа што песов мој после неколку топли месеци конечно го најде патот до нејзиното домче пак. Се излага само за јадење и вц
Не е моја ама кога оставам на мачките јадење, оставам и на кучката. Е сега во некои полоши моменти влегва во куќичката на мачките и моите драгоцени мачки ја напаѓаат. Кога и да стигнам веќе замината беше и денес прв пат мачките на „одмор“ си ја запознав кутрата кучка шо е буквално најмила, најдобра и највесела кучка шо ја имам видено било кога. Абе само рака пуштив и ми дојде да се гушкаме. Се дур мојата драгоцена мачка не дојде изнервирана, и дур се сетам кучката замина па по сат време иди мачката живи гуштери ми носи за неа поќе да ја сакам, и сега не ме остава да сум подалеку од неа, ме отече од мјаукање. Ја ставам тука дека ако е некој Бт и сака да ја вдоми лепотицава од сликата - ќе биди супер. Јас ќе ја ранам дур можам, т.е. дур не му пукни филмо на мама и ја избрка далеку. Јас не ја гледам често, ама се гледаат со мачките, а и се движи низ Карпош многу, особено околу малото паркче. Трето куче ми е шо таму го носам и ранам па го ставам вака по интернет и надежно по два дена обично се вдомени. Е сега другите двеа беа мали, од кој едното баш како ова на сликата само мало, другото моментално живеј пред месарница и меше пушти. Значи уште ко ја видов онака насмеана, весела неможев да му одолеам. Додуша и работам на случајот за да ја „посвојам“ само мама се буни дека зоолошка сум ја напрајла куќата.
Многу е цакано канаринчето, па уште и името.... Ова беше моето канаринче, девојче беше и не пееше....Мица:
Не е жива веќе. Ја земав на чување од несовесни газди, ептен беше запуштено и со инфекција на окото. Се борев цела година со тие инфекции на окото, таман ќе го излечев па после кратко време ќе се вратеше инфекцијата. И на крај си умре од некоја прелада, буквално за два дена ми отиде. Многу се кревки