Леле првата е како една од трите јас шо ги имам, а второто е како омиленото маче од летниов пород шо си го имав. Патем, кучката шо си ја посвоив, треба да частам мекици, крофни нешто, вчера ми донесе принова од мислам пет кучиња, уште убо се немам пикнато во куќарка, ама едно украдив за на слика.
Ај уште една од мојот мачор Он е прееееголем за тука, ама ете мерак му е таму да спие.Кога беше ептен мал се криеше тука и навика му остана
Ги немам сите фатено, и не знам дали едно исто фаќам (оти само едно е кафено другите се исти) ама кое и да фатам машко е. Изгледа прв пат машко ми се раѓа мене дури и едно исто да извлеквам од куќарка. Оти до сега со машките среќа сум немала, едно мало машко маче ми умре, едно само преживеано имам и даено, друго сеееее женско.