Малку да подосаѓам и ја со мојава дебела. Ретко почнав да ставам слики, ама кога ме има - да ме има квалитетно. Дебел газ Вознемирен дебел газ Мислителска поза - тема: тешкиот мачешки живот Ќе загине еден ден од too much livin' on the edge Расчепатено ноџе за гризење нокти Не е битно што има завеса, битно е што се седнало на фотелјата Вака си игра демек, од позади те млати по врат Најверојатно мисли дека се скрила За едно тревче и на две нозе како вервер ќе стои Мис Универзум
Лелеееее каква е само за гмечење Многу топлина има во сликиве ***************** Не и го најдов во Џамбо тигрестото ременче што стално и го купувам па се разочарав...а само тоа е такво мекано.. Ама и го купив тунелов после долго време, додуша повеќе скока над него место во него ама како таа сака така успеав да ја фотнам еднашка битно
Црнчо нема бела шарка на него. Само очите му светат од блицот инаку зелени му се. Многу им пречи нлицот како гавол бегат од него.
Ви го претставувам мојот бушав лешник мачор Марко! Овде беше бебе уште, првите денови со нас. Овде е веќе подпораснат дечко, ама сеуште мочко.
@LittleChili Леле Чили ама е свилено, ама и ти со листовите нема што @Lady Phoenix Лејди ма! Умрев на описите
Роди ме мајко со ксмет, па фрли ме на буниште е работава. Оваа деснава црна е Луси, 6ипол годишна лепотица и многу многу паметно створење, а другава малишанка е Лара, 4месеци. Двете ги најдов како бебиња на улица и од тогаш си поминуваме преубаво време заедно. И во меѓувреме сакав да апелирам да вдомувате животни, а не да купувате. Нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека на некого си му го спасил животот.
Мисли дека е PUMA Се пика во гаража глуми домаќин п.с ноџињата качени на бекатонка Него морам да го нанам како бебе за да заспие,понекогаш се преправа како да е во несвест и ме ѕирка со едно око и ми скока.Ако ги избркам се качуваат на покрив и ми тропаат на прозор да ги пуштам
Јас мислев ќе поминеме лесно, као глисти фатила, ќе земе апче ќе помине. Настината е и има температура. Ај и тоа мање више поминува. Ама има проблеми со дигестивен систем и сега цел живот треба да биде под режим на исхрана. А храната што е лесна за варење, специјална за лесно варење во Гостивар ја нема...па ќе морам да се снаоѓам некако.. Примаше инекција..утре сабајле друга, па ќе видиме...