Не сум сигурна дали веќе го имам спомнато ова име - inbal dror! Уживам кога ги гледам венчаниците, а и секогаш одбира јуник девојки. Во потесен избор влегува фризурава која ми е преубава и се размислувам да си ја направам кога ќе дојде моментот.
И еве сум јас, мене ме знаете ама од мужето не би да ставам слика па затоа ќе направам нешто со неговото лице, чисто колку да видите колку ми одговараше Венчаницата ми ја шиеше една многу добра шнајдерка, вработена кај Мила Кадриу, професионалец до немајкаде, со оглед на тоа што имав Second Hand венчаница, направи и повеќе од многу, презадоволна сум од неа, а и од мене богами, овој деталов на горниот дел го правев сама и мислам дека направив убава работа Задниот дел каде што немав многу ингиренции при облекувањето не изгледа најсреќно, ама подоцна се исправи и тоа, се изгледаше супер