Благодарение на сликиве поставени во темава, јас си ја најдов мојата венчаница! Ви благодарам! Од понеделник (се надевам брзо ќе ги добијам сликите од фотосесијата) ќе ја видите и оригиналната слика и мојата малку изменета верзија заради стомачето. Преубава, едноставна, по мој вкус а и не ме чинше кој знае колку. Материјали и работна рака околу 6.000 денари.