Сега видов слика на фејсбук од една невеста и се згрозив како изборот на фустан понекогаш може да направи згодна девојка да изгледа чудно и лошо во фигурата. Нема смисла да ставам слика од некој трет, па најдов на нет нешто најприближно на фустанот. Значи погрд крој и модел не сум видела, толку несиметрична, неправилна и грда ја прави силуетата што е страшно.. Паѓа надолу, стиснат, па пак паѓа надолу, како две сукњи една врз друга ставени. Грозно, не бев видела полош невестински фустан. Тој на девојката што ја видов е уште покатастрофален, дека е како слоеви слоеви, кај сукњата, па тесно, па пак истото. Не знам како им се допаѓа на некои девојки овој модел, мене ми е тотална утка, со сила да се правиш неубав. Се знае формата на женското тело како е привлечна, ова тотално прави лош визуелен ефект и ја скратува и уништува фигурата..
се согласувам со коментарот на претходната форумџика. Иако веќе има некоја година како што бев невеста сепак понекогаш си погледнувам и тука кај фустаниве... Според мене најдобар избор на фустани има на www.pronovias.com и www.lasposa.com . За сите вкусови