Женски, не сакам да ве разочарам само да ви напоменам што мене ми се случи: И јас си барав слики на нет за венчаници и фантазии каква ќе биде мојата венчаница- милион! Имав цел фолдер со слики...идеи, желби, кога излегов да барам- ништо! И тие што ги шијат демек според сликата- врска немаат! Или чипка не можат да најдат или цирконите не биле иста боја...се нешто што наликува на сликата а не е тоа! Моја совет- излезете и барајте „во живо“ тоа што можиш да го видиш, да го пробаш и да го бендисаш на себе-ТОА Е ТОА! Џабе на сликата на манекенките нештото е прекрасно, кога ти не си таа, кога венчаницата не е таа, кога условите се поинакви! ...а само за забава- обожавам венчаници, редовно уживам додека ги гледам, ете и по три год. од мојата свадба, јас се интересирам за венчаници...ме исполнува, а веројатно и вас. Се надевам мојата приказна ќе ја прифатите како добронамерен совет од едно искуство...