Свадба ќе правам на 14 јули во Скопје и сум во процес на барање венчаница. Многу ми се допаѓаат венчаници со ракави како чипки и таква и си најдов. Ме предомислуваат многумина дека ќе ми е жешко, а јас пак си велам ќе преживеам. Некој да има искуство? Во дилеми сум
Па пробај замисли се во најжешкиот период со ракави цел ден, па и ако правиш класична свадба надвор ќе си кога е топло. Јас искрено не би. Јас три месеци пред тебе ќе правам, и воопшто не ни помислив на ракави или било што да ме покрива.
Ако мислиш дека ќе ти е топло, можеш да ги додаваш ракавите. Да ти се вадат. Јас така планирам за мојата.
Здраво сакам да прашам дали некој има искуство со Anna Borra atelier во мавровка? исто може ли да ми препорачате дуќани кои да ги посетам во скопје освен ламас?
Девојки, продавам/изнајмувам краток фустан- венчаница. Купена во Букурешт,Романија од дизајнерката Ana Radu. Носена на забава неколку часа со направено хемиско! За други информации слободно пишете ми. Цена поволна
Здраво девојки, јас ја шиев мојата венчаница пред 2 години кај СОФИ, студиото и се наѓаше во Дебар маало, ама сега мислам дека е преместена во Карпош 3 или 4 близу Сити мол. Јас сум презадоволна од изработката на венчаницата а исто така и од услугата. Имав неколку проби кои ги паметам како да беа вчера од што ми беше многу пријатно во салонот и со Софи. Цените се многу ок да не речам евтии во сооднос со квалитетот. Топло ја препорачувам, еве ви и инстаграм профил: https://instagram.com/sofi_wedding_atelier?igshid=MzRlODBiNWFlZA==