Свадбата е единствениот момент кога НИЕ сме центар на целофкупното внимание и тоа е единствениот момент кога имаме можност да изгледаме како принцези. Јас лично повеќе ги преферирам широките, балски фустани, а оние тесните и едноставни не толку. Ми се допаѓаат некои тесни фустани само да не бидат едноставни, само едно парче бело и толку... Во врска со бојата, сакам бели венчаници - како што е редот или пак бели со мали додатоци од други светли или бледи (не многу јаки) бои. Сепак ги почитувам храбрите кои се осмелуваат да облечат јако црвени, зелени, розеви, црни, сини фустани. Иако ми е ептен рано за мажачка, ќе ставам некои сликички од фустани кои ми се допаѓаат.
Сликиве ги симнав од атеље Кокев од фб,ми се допаѓа венчаницата и фризурава ми е мн интересна,смел избор,не му стои на секого ама баш ми е интересна