Сефора Фустанот од моите соништа Ако се мажиш прва, да ми го позајмиш после мене. Ако не ми го даваш овој ќе си го носам
Далеку сум јас од мажење, ама се заљубив во една венчаница во излогот на Жана на Југодрво, корсет со sweetheart neckline, спуштена половина, сатенска машна огромна на едниот колк, сатен надоле како балски фустан, со шлиц под кој искача тул спротивно од машната.... единствена замерка ми е што сатенот е некоја бледа кремаста боја, јас за мене ќе си барам снег бела стварно ми прават кејф венчаници во боја, со јаки детали (црвени, црни, лила) ама кога мене ќе ми дојде ред иста ваква ке барам само скроз бела... аххх...
секси од кај ги најде фустаниве? четвртиот е токму таков како што сакам кажувај ајде каде да отворам д аго видам убаво
Неможев да најдам слика но би сакала некој раскошен во викторијански стил. Фустанот да биде само бел без цветови, светки итн. туку само убав стегнат корсет и рааааскошен долен дел. И бели високи ракавици со чипка.
^ искрено, не ми се баш по вкус, али вака од наведените слики јас би гласала за третиот. Ми се допага долниот дел најмногу од трите слики, горниот и неможам баш да го видам..јас би преферирала едноставен топ, без џиџи миџи и сл. но сите убаво ти стојат, и верувам што и да одлучиш ке бидеш прекрасна невеста! Со среќа во изборот!