Вака на слики кога ги гледаме сите се убави, со фотошоп, специјални светла, цел тим кој го подготвува моделот, ама да бидеме искрени во живо истиот фустан мн поразлично изгледа. Сега нормално дека зависи и до телото на невеста и на секој различно му стои ама сепак не е истото. На сликите што се постирани горе, колку време имаат моделите да се наместат се да изгледа совршено, а во живо, со сите тие обрачи, купишта слоеви платна плус гужви буткања, не доаѓа до израз фустанот. Затоа јас би сакала (еден ден кога ке бидам невеста ) да имам тесен фустан, ваков или барем сличен на него
Сакам да биде необичен, а убав и скромен воедно. Би облекла и ваков, зошто да не, повеќе сум за пократки фустанчиња (во границите на нормалата, сепак свечена церемонија е).
колку убаво кажано,во право си незнаеш што да одлучиш,сите венчаници се како од бајките.Леле што ме чека