и јас сакам во стилот на пепелашка...балски хехе.....и посакувам баш таков да најдам,бидејќи се ближи мојата свадба...па ќе треба да барам некој таков...ако имаш уште слики од вакви венчаници стави..поззз
Каква да ми биде венчаницата? Ве молам давајте предлози луѓе. Праќајте слики или нешто слично. Потребна ми е помош од вас.Бидејќи наскоро се мзжам и сакам да ми помогните со вашите идеи и предлози. Однапред ви благодарам.
Каква да ми биде венчаницата? Со среќа нека ти е, се најубаво во бракот.. А кога е свадбата? Има време или скоро е.. Хмм.. Па според мене јас не би сакала корсет затоа што до сега сите невести имаат фустан кој е со корсет, нека биде нешто понеобично, да не биде дежа ву.. Горниот дел нека биде уз тело, па потоа како иде надоле така пошироко па од долниот дел некои материјали фатени нагоре до струкот, сега не знам како да ти објаснам поубаво.. Мислам дека ќе ме сфатиш како мислам, баш ќе побарам на интернет да видам некој сличен модел па ке ти пратам слика.. Се зависи до вкусот и како ти самата си го замислуваш својот невестински фустан
Јас сакам венчаници со ракавчиња, или со затворен горен дел со чипка, не сакам корсет особено не некој многу разголен, сепак тоа е свадба највеќе за мерак на моите и не планирам толку невкусно и разголено да се облекувам особено на свадба.
^^ За оваа немав место, иако е сликата помала многу е добра, ја најдов на еден линк од темата за нарачка на венчаници од Кина, здравје Боже ваква ќе правам (има време може и на поубава ќе налетам, ама за сега оваа, само не толку долга да се влече како што сум малер ќе се сопнам за бруки )
Девојки,ај за мене некој добар предлог? Да биде со чипка,сирена,со ракавчиња Никако да најдам асален модел,изгледа премногу барам а веќе треба да одам да го нарачам
Поставени слики од венчаници и некој нови идеи, вреди да се погледне http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/11000-dizajni-na-vencanici-foto
Изгледа сум единствената, што ама ниту замислувала некаква си совршена венчаница, ниту сакам некоја совршена која чини милиони. Една, и еднинствена ми се свија, и тоа ја видов гледајќи Project Runway. Победничката венчаница на предизвикот во сезона 1 на Кара Сон, и баш ми е онака сон. Таа е единствената кој ми се допаѓа и сакала да имам таква, слична Сликава е прелоша, но е единствената која ја најдов. Тие кои гледале, знаат.