Од толку многу модели на фустани човек да не знае што да избере, секој ден нешто ново ќе ми се засвиѓа
и овој убаво ми изгледа обично не сакам светки ама ова е симпатично. само се мислам дали треба да биде нешто поневестинско бидејќи ваков тип на фустан може да се носи и на други свечености...
^ Што му е потребно на еден фустан за да биде невестински? Да биде (претежно) бел и долг. Не мора да значи дека секоја венчаница мора да биде пренакитена, со корпи, циркони, монистри и триста тракатанци. Ако тебе или на која било идна невеста и‘ се допаѓа нешто едноставно (пр. фустан од едноставен материјал, декориран само една линија под градите) - едноставно треба и да носи. Фустанот треба ТЕБЕ да ти се допаѓа. Немој да се водиш според никакви стандарди.
Секој има различен вкус,стил,гледишта....тој ден ти треба да се чувствуваш НАЈ НАЈ НАЈ, а не другите што ќе мислат.Тој ден ти си принцеза, затоа облечи го тоа што ти се допаѓа и што ти стои.