Девојки,мојата венчаница ја избрав само ми фали мал детал.Отприлика е сирена модел,само со или без ракавчиња ќе се дефинира најпосле.Сега сум во потрага по некој ситен ама убав детаљ.Со оглед на тоа што ќе биде цел фустан од чипка се мислам што да биде тоа Отприлика се одлучив за вакво нешто,само по предлог на шивачката можно е да биде во боја слична на бидермаерот(за оној детаљот под градите зборувам,лентата со чипката)...Ама ептен се мислам
ели не знам каков ќе ти биде бидермаерот, но еве ти еден предлог од мене. Лентата можеш да ја направиш во некоја друга боја, на пример црвена и да облечеш црвени штикли и да имаш црвена ташна.
Супер е фустанот и мислам дека ќе погрешиш ако го ставиш тој дел во друга боја, зашто и на сликава доволно доаѓа до израз и се приметува а и толку нежно делува.... мислам дека друга нијанса, појака од оваа ќе ја претопи нежноста и нема да биде истото чувство како кога го гледаш овој целиот бел, дури и на украсот приметувам некои бледо розеви нијанси, што се прифатливи во случајов. Никако не мислам дека треба да се комбинира со црвен (или било каков) украс и чевли, барем според мене. И колку ќе те чини овој модел?
Абеја,цените во Жана им се од 400 до 700 евра ако избереш пола чипка пола друг материјал,и од 450 до 700 евра цел од чипка.Значи јас би дала до 500 евра максимум 550 ,па затоа се договоривме кога ќе ја изберам чипката после првата проба да се дефинира цената ,нормално јас ја дефинирам ,во зависност од тоа дали сакам Сваровски,каква чипка,какви детали...итн.Значи ти ќе им кажеш пример да биде до 55о евра и они ќе ти понудат чипка и кристали за таа цена.Инаку ако немаш чипка фустаните им се од 350 до 400. Е сега,исто остана за крај,дали ќе имам мали ракавчиња или само корсет.Пробав и со ракави изгледаше слатко,ама ќе видиме. Ви благодарам на сугестиите Не сакам црвен нити розев бидермаер па затоа се мислев дали да биде на лила или нешто на крем,ама се согласувам дека појака боја ќе го уништи фустанот.Сепак ,имам уште време за сугестии