И мене ми се допаѓа тој фустанот што го постирав,девојката со венчаницата на плажа,многу е убав фустанот
Секоја невеста како невеста е убава на својата свадба со се фустан фризура и с л детали, се се работи до вкусот на луѓето. Лично мене ако некоја креација ми одзема здив то е оваа...
Знам дека не е местово во овој сектор ама тој во кој треба да бидам од декември не е апдејтуван. Со среќа нека им е на оние кои стигнале до оваа фаза и одбирањето на венчаници ама јас за 1 година уште ќе почекам. Имам еден ПРОБЛЕМ и би сакала да слушнам ваш совет. Имено, додека бевме на одмор дечкото со кој сум ептен долги години во врска ме побара за жена. Јас тоа го претпоставував но тој немаше прстен бидејќи 1 недела пред да тргнеме на одмор не ни имавме намера да одиме ниту пак знаевме дека има слободно место толку рано. Како и да е мене ми беше битно чинот а не прстенот. Се вративме од одмор и дента чичко му починал и беа на погреб. По 2 недели го купи прстенот и ми го даде, јас мислев дека ќе дојде со неговите да си дадеме дума ама требало да поминат 40 дена. ОК за чекањето ама тој вели да го носам прстенот кога излегувам а јас му велам кога ти не сакаш да кажеш на пријателите, колегите и роднините дека на некој начин си се верил зошто јас да го носам и себеси да се ставам во незгодна ситуација пред луѓето кои ќе ме прашааат дали има ново? Едноставно не знам дали да го носам или не ? Може ли да ми кажете што би правеле вие?
Не сфаќам зошто да не сака да каже? Кога веќе те побарал за жена, зошто да молчите? Не е тоа нешто што треба да се крие, без оглед на тоа што во семејството се случил немил настан. Животот продолжува, а вие сте млади и треба да се радувате на тоа што го имате. Малку ми е глупаво да бара од тебе да го носиш прстенот, а да крие дека сте свршени, кога и без да праша некој, само штом ќе го види, ќе му стане јасно што е работата. Јас би го носела и не би криела дека сум верена. Пак поразговарај со него, и прашај го за причината за криењето - без разлика што се уште не било официјално нема потреба од таинственост. А и кај вас е очекуван чекор во врската, не сте деца од 15 години.