Еленке кај е таа улица? Јас појма немам, не сум барала ништо, мене Жана ми рече за оваа венчаница, со тоа што везот сама ќе си го донесам и она ќе ми го зашие, 350 евра, а везот ќе ме чини околу 25 евра. Но во Жана нема да шијам, влегов чисто информативно. Ќе шијам во Тетово најверојатно, кај една роднина на либето, нема да ми земе за шиење многу, само материјалот ќе си го купам со неа, она ќе ми го прави и везот. Ми рече дека оваа венчаница ќе ме фати околу 10 000 денари материјал и везот, јас неа ќе и дадам уште 100 евра за работна рака, глупо ми е да шијам без да и дадам пари. Ова е грубо направен муабет, не сме прецизно договорени уште, најверојатно и ќе остане на тој договор, месец дена пред свадбата да ми ја сошие. Е сеа боже мој, свашта се дешава, може и ништо да не излезе. Ќе видиме како ќе биде, сега во моментов шијам многу убав фустан кај неа па ќе видиме како ќе излезе и тоа ќе ми биде еден вид проба, да видам, ако убаво го сошие овој кој иако не е венчаница е доста сложен, нема да има гајле за друго
^ И јас ама објаснив, гуска... Во Мавровка на спрат, има еден крак да го речам каде што има само такви бутици за венчаници и оние ко цвеќари за бонбончиња и додатоци што не се нормални колку се скапи...
ваков фустан многу сличен и имаа сошиено на една моја пријателка во кокев пред 3 или 4 години и ја кошташе околу 650евра со ваков материјал и сивото везено...значи многу многу сличен ...
Точно венчаницата е од Кокев,веќе ја пробав таа што им беше во атељето ко за мене шиена и ми дадоа попуст од 650е на 550е ама пак ми е скапо, јас си мислам 400-450e маx е нормална цена за мене
Точно венчаницата е од Кокев,веќе ја пробав таа што им беше во атељето ко за мене шиена и ми дадоа попуст од 650е на 550е ама пак ми е скапо, јас си мислам 400-450e маx е нормална цена за мене