Jaс не ги сакам нашиве стандардни венчаници, само тулови, корпи и чипки без мерка на сите страни.За мене овие се совршени.
Inbal Dror - човеков е ѕвер! знае како да ја претстави една жена во вистинско светло и да биде совршено елегантна и гламурозна!
Девојки мене свадбата ми е во ноември. Планирам да шијам фустан, но замислата ми е да биде со кратки ракавчиња. Бидејќи ноември е ладен месец ми треба нешто како наметка, палтенце, шал кој ќе го нагрнам и сл. Ве молам за совет, слики, било што - што ќе ми биде од корист!!! Се надевам дека барам помош во вистинската тема!