1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слики од поранешна девојка

Дискусија во 'Канта' започната од Rebecca, 24 март 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca

    Rebecca Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа вака.. Со дечко ми сне заедно 6 месеци пред 1 месец му го чепкав фб и забележав дека и лајкувал на негова бивша девоја ми кажав дека ми смета тоа и ја избриша.Сега пред некој ден видов слики на компјутерот кај него од истата девојка и избувнав он се колнеше дека само мене ме сака и дека не ни знаел дека му стојат сликите и одма ги избриша,но мене тоа ненормално ми смета постојано ми се врти во глава и неможам да бидам со него а да не се прашувам дали мисли на мене или на бившата.Да продолжам со него или... некој ваш совет или одговор за да ми помогнете у моментов многу би ценела... Благодарам! :)
     
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Верувај му! :) Немој да мислиш на тоа !
     
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    И јса сум за тоа да му веруваш,но сепак ако продолжи со ваквите знаци ... тогаш седни и сериозно поразговарајте.Инаку уживај си животот е премногу краток за да се нервираш за вакви ситници.Еднаш се живее!!!
     
    На Veneraaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KristinaAna

    KristinaAna Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    И на мене ми се случи ова. Цела година ми се во главата сликите од лицето на бившата. За него тоа беа само сегменти од минатото и се согласив со тоа бидејќи не приметив дека се слушаат или дека ја има на фејсбук за пријател, ама зошто и ден денес ми излегува таа слика пред очи не можам да си објаснам
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Не се секирај.....што ако и лајкнувал слики на фб??????Не смее???Што ако му е бивша,не смее даа контактира со нејзе????Е сеа тука што има слики од нејзе у компјутер ,малце ми е чудно....Ако повторно имаш вакви сомнение седни разговарај со него и прашај го
    -Дали сеуште ја сака/или му значи
    -Зашто чувал слики од неа у компјутерот и ткн..
    Да се надеваме дека нема ништо меѓу нив...Со среќа миличка :*
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    ПА што има врска и ако има слики во компјутер со некоја. Зарем само со неа има?! Можеби има и со други девојки , а ти да не знаеш, или пак тебе ти ги претставува како другарки, а некогаш се смувал со нив....
    Што се оптеретувате со слики, па тие се само спомен на едно минато, а минато имаме сите. Нема човек кој стасав до таму каде што е без некаков спомен позади себе. Дајте не се оптеретувајте со минатот, живејте и уживајте во сеганоста.
    Многу лесно може да се изгубите и психички да ослабнете замарајќи се со такви ситници, банални и непотребни за иднината.
    BTW ако сакал да биде сеуште со претходната што мајка би барал да фаќа нова женска. ;)
     
  7. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала да не му чепкаш повеќе по фб, бидејќи тоа е негова лична ствар и секој има право на приватност. Штом ја избришал од кога си му кажала дека ти смета, нема простор за паника. И јас често се карав со дечко ми поради тој фб... кој ми оставил лајк, проверување секојдневно на прифатените пријатели и други слични работи. Си го избришав и не се караме повеќе толку често. :)
    За сликите во компјутерот од неговата бивша.. па можеби и вистина е тоа што незнаел дека му стојат сликите во компјутерот. Немој многу да се оптеретуваш со вакви работи. И нема да го задржиш твојот дечко доколку си љубоморна, постојано му се лутиш за вакви работи и се карате поради истите.
    Да ја сакал уште немало да биде бивша. :P Опушти се едноставно, тргни ги сите такви мисли дека тој мисли на неа постојано и уживајте во врската. ;)
     
  8. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    зошто да ти смета, тоа се само слики, спомени од минатото, негледам ништо лошо во тоа, плус во компјутрот му се, не на фб неможе никој да ги види освен ако не му шпионира и проверува, а и да ги избришал од кај знаеш дека ги нема на некое цд, па ај сега земи сите цд му ги провери да видиш што има на нив.
    мој добронамерен совет ти е да не мислиш на тоа, посвети се на вашата иднина, а не на неговото минатото, така може само да го задушиш во љубомора и да го изгубиш.
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Глупаво е да се опседнуваш со вакви работи. Слики како слики... немора ништо да значат. Мислам дека треба да имаш доверба. Не мисли на минатото, тоа може само да ви наштети. Било што било и поминало. А ако толку се сомневаш, седнете и поразговарајте, расчистете. Можеби така ќе бидеш помирна.
     
  10. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    И јас се сретнав со тој проблем , случајно во компјутерот најдов слики од неговата бивша и го прашав а тој слатко ми се насмеа и ми вели сум заборавил да ги избришам , ги избриша и повече немам видено нејзина слика , а веќе и многу време помина тоа беше во почетокот на врската , а сега сме 4 ипол год во врска така да .. тоа е :)
     
  11. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    кога тие раскинале сигурно останале другари па и ги лајкнувал сликите инаку ако се скарале кога раскинале и ги лајкнува сликите можно е сеуште да ја сака
     
  12. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    има и пострашни работи од еден лајк на фб.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.