14 причини зошто не доаѓа летото во Македонија Ако имате стамбено живеалиште со прозори или Фејсбук на кој се жалат дека нема лето вероватно и вие сте приметиле дека нема лето. Надвор е како во средината на септември, а ѕиврите се враќаат во мода. Но зошто е тоа така? Паника.бе истражуваше. 1. Летото ќе дојде со животот кој го вети СДСМ. Нема да има лето оваа година 2. Пошто не ослабевте и не сака да ве срами 3. На одмор е во Грција, ќе дојде покасно 4. А кој би сакал да дојде во Македонија освен иселеник да се курчи со парите? 5. Ова лето е ко Годо, го чекаме ама нема да дојде 6. Нас ни е грешен календарот, сега е септември впрочем (впрочем звучи крајно образовано затоа е вметнато) 7. Нема поволна понуда од Визер за навака 8. За да не се жалите колку е жешко 9. Оливер Спасовски уште го нема постигнато телото за на плажа, ко ќе се среди ќе дојде и летото 10. За инает на Охриѓани. Шо сѐ не ќе направат Скопјаните само да нема лето... 11. ХААРП за да нема протести за името 12. Рускиот ХААРП оти владата сака да го смени името 13. За да не морате да купувате нова гардероба туку уште да ја носите зимската 14. Има застој на граница