1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jana5

    Jana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    auuuuuuuuuuu posle gornive diskusii sto gi procitav, pocnuvam da se mislam iskreno... :worried: Katastrofa
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    И јас сум само потрошувач, никогаш не сум била на било каква диета, порано бев против вакви брзи диети.
    Јас НИКАДЕ не напишав дека некој ИЗМИСЛУВА не ми вади муабети, си го кажав моето мислење без никого да цитирам или навредам. Само потенцирав дека секоја промена во организмот не мора да значи директна поврзаност со таблетите. Како што треба да се прочита секое упатство за секој производ пред негова употреба било да е тоа лек, тв, шпорет, храна, така и кај овие таблети треба да се прочита упатството, во кое јасно пишува цитирам :
    "Непожелно е да ги користат производите:
    1. Пациенти со дијагнозиран дијабетис
    2. Пациенти со дијагнозирани кардиоваскуларни болести, хипертензија и церебрални болести (преживеан инфаркт или мозочен удар)
    3. Пациенти со дијагнозирани психози, конзументи на дрога или алкохоличари;
    4. Пациенти со дијагнозиран хипертироизам, отежната работа на црниот дроб и бубрезите;
    5. Пациенти со дијагнозирана проширена простата или глауком
    *Одговорноста за користење на овој производ како и секој друг диететски додаток на исхрана е на оној кој го конзумира. Ако имате некои нејаснотии најдобро е да се консултирате со вашиот доктор пред употребата на производот."

    Секој организам е приказна сама за себе.
    Доцнење на менструација може да биде поради зголемени килограми, кај хипертироидоза исто така треба да се внимава на гојазноста, дебелината е причина за многу болести и психичко незадоволство, ваше е да го изберете начинот на слабеење кој е најмалку штетен за вашиот организам.

    Не велам дека кај тебе nena немало негативни ефекти, ама за се треба да се внимава па и за ова, си требала да престанеш веднаш откако си ги приметила негативните ефекти.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Фала богу немам ништо од наведеното, потполно сум здрава!!!!
    И да ги оставив веднаш од како приметив.
     
  4. nadine

    nadine Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Последниве 3-4 дена дишењето ми е отежнато, имам тахикардии и треперење во градите, нешто што досега ми се немаше случено. Бидејќи ги пијам апчињата SlimLine се посомневав да не е од нив. Вчера побарав на интернет за несакани дејствија од истите и се најдов во овој форум. Уште од првото апче имам несоница која продолжува. Испив 8 апчиња и денес ги прекинав. Некој особен резултат не забележав освен што здравјето ми се влоши. Не можам да разберам како досега не се превземени некои мерки да се отстранат од продажба. Доколку има некоја група на facebook или нешто друго сврзано со забраната на овие производи Ве молам информирајте ме. Сакам едноставно да се превземат некои мерки против сите оние кои печалат за сметка на нашето здравје.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Исти случај како мене, само што јас испив 6 и на 7-то осетив посериозни промени (ненаспаност, очите како да ми беа во дупка, ми тежеа и болеа, а срцето побрзо ми чукаше и стегаше), денес не испив, мислев да паузирам бидејќи на секој организам му треба одредено време да се навикне на некоја промена, но се решив да не продолжувам бидејќи сум на граница на хипертироидоза и иако не примав терапија не сакам да ја ризикувам тироидната, бидејќи со влошување на нејзината состојба може цел организам да ми се поремети. Мене телото не ми издржа за ваква нагла диета, но не значи дека и со другите е така, тие што земаа заедно со мене продолжуваат да пијат и немаат никакви негативни последици, дури се презадоволни. Јас ослабев 2-3 кг за една недела но можеби самата погрешив што не внесував доволно вода(не чувствував потреба) и минимално јадев, ама од страв за тироидната нема да повторам. Некои што ги знам веќе се на трета доза (три месеци) и немаат проблеми. Се зависи од подготвеноста на телото.
    Малку ме зачуди (не верувам дека е случајност) што во упатството со таблетите на македонски јазик не пишува дека не треба да го употребуваат луѓе со кардиоваскуларни проблеми (туку само бремени и што дојат мислам стоеше), а на другите јазици тоа е наведено. Од друга страна во упатството не беа ни споменати оние случаи-дијагнози што не треба да ги употребуваат, кои ги наведов во претходниот пост, тие ги има само на страната на интернет :?:
    Како и да е јас немам некоја потреба толку бргу да ослабнам, ми требаат уште -5кг
    За среќа успеав да ги продадам останатите две табли 8)
    И она што заклучив, оние погојазните немаат проблеми со нив, бидејќи тие се наменети токму за нив со задолжителна лекарска контрола.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Абеја,нели ти ги фалеше?? Што вака наеднаш лоши искуства ??? Извини на сарказам ама во 2 дена разични мислења даваш за една иста работа. :^)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од извинување, ама ако прочита и претходно јас пишував дека на почетокот не ми правеа проблеми, скоро никакви, освен што спиев помалку ама да не се повторувам. Изгледа самата си бев виновна што колабирав, без вода и скоро без храна, ама тоа е. Не велам дека апчињата се неефикасни кај секого, кај мене приметив дури по 7, бидејќи треба да правам контрола на тироидната не сакав да ризикувам со тахикардијата, а ова со несоницата ќе го решев. Им посакувам успех на оние поиздржливите кои сеуште ги пијат.
    Зошто да не би дала 2 различни мислења (од лично искуство)? Па човек денес е жив утре може и да не е. Се се менува. Денес може не си алергична на пчела, но можеби веќе утре ќе станеш, факт.
    Како што прочитав и на тебе на почеток ти биле добри дури и мајка ти ги пиела :?: па после кога си осетила проблеми си ги оставила.
    Немој толку остро бидејќи и самата си го поминала истото. Нема да се здркам сега и да барам изговори, ако тоа очекуваше 8) , подобро што се обидов и видов на крај дека не оди, ама зошто некој друг да не се обиде, и покрај моето лошо искуство не би му рекла на некој да не ги користи, може да се обиде доколку реши! - па нели и двете имаме направено обид, кој не ни успеа, но кај други успева!
    Јас сеуште останувам на мислењето дека се ефикасни само различно делуваат кај луѓето. Дознав дека можело да се купуваат посебно таблите, една табла 600 денари(12 таблети), па кој има навистина проблем со тежината и ако не му се проблем парите нека си проба.
     
  8. nadine

    nadine Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пред да почнеш да ги пиеш не знаеш дали телото ќе ти издрже на последиците од апчињата. Ај да имаш само несоница донекаде ќе се поднесе (јас не спиев, а се осеќав наспиена), ама проблеми со дишењето, аритмија... Треба ли на секој да се продават тогаш, на кој начин ќе бидат заштитени оние чие тело не може да ги поднесе, бидејќи и по прекинувањето последиците си ги има?
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мој пријател ги пие, испи 10 таблети и ништо не му е, нема никаков симптом од овој што го имаме ние, кај што работам доаѓа пациентка која ги пие 3 месеци, исто без проблеми, колешка исто ги пие и зема втора доза. Секој си ги зема на своја одговорност. Значи иако јас немав успех не велам дека со сите е така, но ако си осетила проблем добро е што си прекинала и не се плаши нема да има последици, јади нормално нека не те оптеретува помислата на тоа, сега му требаат неколку дена на организмот пак да почне нормално да функционира бидејќи таблетите ги правеа органите хиперактивни, и срцето ненавикнато на такво темпо мораше да ги следи тие промени, затоа имавме тахикардија или аритмија. Пробавме и не ни одеше, ама барем сфатив дека можам психички да контролирам колку ќе јадам, денес појадував портокал и кафе, ручав кришка ипол со јогурт и две малецки "ќофтиња" :D , 10 мин на орбитрек и тоа ќе биде за денес. Порано не сум верувала дека можам само со тоа. Ова ми е позитивниот резултат од слим лајн ;) Дали и со тебе е така?
    Поздрав надине
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    Абеја, јас сум резигнирана како потрошувач зашто пред да почнам да ги пијам 100 пати ги прашав. Дали има нескани дејства, дали има некои последици. Тие како навиени, не па не. Само луѓе со висок притисок и со кардио заболувања не смееле да ги пијат. Првите 10 дена бев ТОП. После јас знам што преживеав. НИКОГАШ повеќе нема да ги пипнам овие апчиња или било кои други. Имам 20 кила повеќе, ама сум здрава. Фала богу ми се опорави организмот, ама другарка ми што ги пиеше има уште последици.
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. T.I.P

    T.I.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    јас ги имав пиено и во рок од месец дена симнав 4- килограми и бев пресрекна но не бев свесна со се ме чека.за неполн месец качив 10 и сум на строга диета и пак неможам да симнам ни грам веке месец дена ,мислам дека се рабпоти за хормонско пореметување,по разговор со неколку пријатели што го користеле дознав дека слимлајн предизвикуваат хормонско пореметување и дека истите го имале тој проблем и тешко се справуваат .
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Случајно наидов на фејсбук страна за овие таблетки и гледам слики од луѓе тврдат ослабеле по 50 килограми за 5 месеци.. ???
    Хмм, си викам не ми се верува дека е така, па се сетив дека имаше тука тема за истово ова и реков да прочитам.
    Во првите постови имаше девојќи кои ослабеле по 8 кг во месец, тоа не е малку.
    Јас со строга диета се мачам тие килограми да ги ослабам , плус со физичка активност и пак тешко оди.
    Но , среќа што има искрени девојки и коишто ги кажаа оние негативни ефекти на овие продукти.
    И без разлика што цел живот имам плус килограми никогаш во животот не сум прифатила да пијам апчиња , иако сум размислувала.
    И среќна сум што моментално сум на здрав режим на исхрана којшто нема само да ми помогне да ги намалам килограмите , но ке ми придонесе да бидам и поздрава.
    Така да искрено би ви препорачала колку и да делува поедноставно , на ваков начин да се ослаби , не вреди да се ризикува здравјето..
     
    На purple.butterfly и T.I.P им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.114
    Допаѓања:
    112.707
    Пол:
    Женски
    истото и кај мене е. Во април планирам да одам на ендокринолог зашто ова со мене се нема до сега случувано. Ме интересира дали некој осетил и депресивна состојба после апчињава?? Безволност и слично зашто другарка моја од кога престана со пиење не може да се опорави. А и додека ги пиеше се осеќаше така.
     
  15. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Исто се чувствував и јас.. депресивност, мрзливост, се ми сметаше, немав волја за живот, само ми се лежеше и спиеше..после неколку дена откако престанав, почнав да се опоравувам..мислам дека и ден денес осеќам некои последици како ненадејна возбуда, често ми се тресат рацете а не ги пијам од јануари...
     
  16. jelenaj

    jelenaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Jas ne ve razbiram ni malku... Jas gi piev apcinjata pred 6 meseci. Imav 95 kg i nemav elan za nisto. Bev na odmor kade mi bese sram da se soblecam na kupaci. Od edna prijatelka doznam za Slim Lajn, i ne i veruvav posto pred toa zemav uste kakvi ne drugi proizvodi (herbalife, caj za slabeenje) i nikoj ne mi dade rezultati. I od koga vidov deka taa oslabe 10 kg za dva meseca probav i jas. Posle 2 i pol meseci... so 70 kg, rodninite ne me poznavaa na ulica. Od togas oslabev uste 10 kg i vodam zdrav zivot, se hranam kako sto treba i sum polna so pozitivna energija i elan za zivot. Zato ne mi e jasno kako vas taka vi deluvaat. Mozebi ne ste gi koristele pravilno ili vi e od nesto drugo... Iskreno jas zboruvam od licno iskustvo.. posle apcinjata mene celiot zivot mi se promeni na pozitivno.
     
    На La.femme му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    јеленај
    кај секофа различно делуваат
    искрено мислам дека и мене ке ми делуваат :Р ако ги пиев
    имам можности и ако сакам веднаш можам да порачам
    сепак не сум во толку голема депресија зашто имам само 3-4 кг да намалам кои и со нив изгледам совршено според мене.
    боље жена со облини отколку жена костур :)
     
  18. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    инаку заборавив но да надоврзам имам и јак имунитет


    секоја*
     
  19. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Јеленај дали држеше диета или применуваше некаков посебен режим на исхрана? Браво, секоја чест за постигнатите резултати и изгубените килограми. Јас сега имам 83 килограми, со Слим Лајн П57 ослабев 15 кг за три месеци и сакам уште 15 кг да ослабам, да си дојдам до мојата стара тежина - 65 кг. Сега ќе продолжам со ново пакување, само сакам малку да го забрзам процесот па затоа те прашувам за твоето искуство бидејќи имаш супер резултати за краток период.
     
  20. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Во аптеките ги има ли овие апчиња? :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.