1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 696969

    696969 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    nena2010 jas ne branam nikakvi apcinja ili reakcii,direktno bev navredena od tvoi prijatelki,a koga vi pisav kazav deka moeto iskustvo e sosem pozitivno,a i gledano od site mozni strani,malku se sansite za takvo nesto,a NIKOJ OD LUGETO OKOLU NIV DA NE GI POSOCI I OSUDI odgovornite od slim line,ne znam ni koja firma gi nosi !!! nemam nisto licno ama ne moze sekoj da se napaga poradi razlicno mislenje neli ?
    [mod-kirilica:1vb3yami][/mod-kirilica:1vb3yami]
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    Дали се мали шансите не знам. Еве и јас познавам девојки кои ги пиеле и немаат негативни појави ама знам и девојки кои завршија на итна помош. И сега?? Да им речам на тие што беа на итна помош дека лажат, а ги знам цел живот дека се здрави и немаат некои хронични болести.

    Јас овде намам пријателки на форумот затоа што со никоја не се знам лично. Можам само да се сложам или да не се сложам со нечие мислење. за да ми стане некој пријател треба мнооогу да помине.

    Јас лично се каам што испив една доза, се каам како за ништо на светов. А што прежиевав кога се пожалив до компанијата што ги увезува, е тоа долга приказна за која не е ни место ни тема да се разговара.

    Сум пиела многу препратаи за слабеење. Од Хербалајф до све, само од овие имав вакви енормни реакции. А имам 20 кила вишок. Не сум некоја со 5 кила вишок и од бес да пијам апчиња за слабеење.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ајде да не те именувам бидејќи гледам целата си во бројки, можеби поради омилената поза :D но изгледа ти си неписмена, ЈЕР за да премине човек во средно образование потребно му е прво одделение каде што се учи азбуката, а да отиде некој на факултет и тоа медицински му е потребно средно образование па види сега ти колку си компетентна да зборуваш за писменост. Но, да човек може и да го заборави наученото, ах таа склероза.

    Не, не се читаме само пишуваме и чекаме некоја докторка да не прочита
    Фала што не просветли за што се измислени форумите, се надевам дека и ти ќе го научиш тоа некој ден и ќе почнеш на пристоен начин да дебатираш без употреба на толкав голем број извичници.

    Видете госпожа и јас ги пиев таблетчињава и кај мене на почеток немаше негативни ефекти но оставав простор дека кај некои можеби има, можеби само се тешев дека купив цела кутија со три табли па ќе ми пропаднеа парите :D . Но ти поштована докторице не оставаш простор за мислење спротивно од твоето. Тоа не е твое лично искуство, туку лична опсесија и тврдоглавост.
    Откако ги оставив таблетиве ми требаше една недела(колку што ги пиев) за да се стабилизирам. Моите колеги еден по еден се откажуваа, кој порано кој подоцна. На едниот, кардиолог во државна болница му забрани да ги пие. Другава колешка ги остави пред некој ден поради страшни болки во желудникот и несоница. Прашање на време е кога и другите ќе го сторат истото. И не верувам дека кај некој нема негативни ефекти, можеби не се видливи и не ги чувствува, но сигурно индиректно му го трујат организмот и делуваат со скриени ефекти. Значи твоето тврдам паѓа во вода, изгледа поставувањето на теории ти е слаба страна. Како доктор би требала да знаеш дека секое нагло и неприродно забрзување на функцијата на еден организам доведува до промени кај истиот.

    Ќе си дозволам за една реплика, иако неповикана, со самава твоја реченица покажа за фактот дека твојот коефициент на интелигенција е многу понизок од било кој на форумов. Па дали се читаш што пишуваш? Твоево изнесување на навреди уште од твојот прв пост, особено сега цитираниов, го разголи твојот простотилук :clap:

    Точно така, затоа си ти толку слаба, бидејќи во секој пост се обидуваш со сарказам и иронија да ги сместиш другите под тебе, а несвесна дека тие се многу далеку над тебе и покрај твојата диплома што ти фаќа прашина на зид.
    "Хајде да се дрогирамоо нек се очи сјајее хајде да се дрогирамо то је оно најлепшеее што нам срце познајеее..." - ама ај да не ти пеам кога немаш слух :lol:

    п.с. Еден совет - нова реченица се почнува со голема буква.

    Ауу каков стручен осврт на тема-покачен крвен притисок (изгледа како собиранки од интернет), баба ми подобро ќе го објасни и без помош од интернет :rofl:

    Баш ни е мило што се расположи на форумов, повели и друг пат, можеби ќе ни донесеш и некој медицински виц од клупите пред зграда.
    Среќа што не сме ти пациенти, ние си имаме нормални, паметни, образувани,културни матични лекари кои имаат слух за нашите проблеми и не ни ги наметнуваат нивните тврдења.
    Не дај боже да ти дојде некој со висок крвен притисок, тахикардија и ред други проблеми а ти да му кажеш, смири се дечко имај повеќе самодоверба, не дозволувај другите да ти делуваат на психата и да те лажат и не биди зависен од грицки

    Благодариме на советот, но нам нема да ни биде потребен. Толку совети даде кои не се дел од твојот живот, би ти препорачале да се социјализираш малку за да можеш да комуницираш со луѓето. За социјализирањето, дружењето, убавото однесување, човечноста и толерантноста, пристојниот начин на изразување... не ти е потребна литература, туку волја и здрав разум. Се надевам дека ќе ги искористиш советиве за доброто на твоите пациенти (доколку такви постојат) и да не ја срамиш благородната професија. Ќе разбереш што сакам да ти кажам нели? ЈЕР ти си докторка "не се сомневам".

    Уф, зошто не кажа порано, таква тема веќе е отворена во КАНТА (се надевам дека веќе почна да пребаруваш :tmi: )
     
    На silvice, T.I.P, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Браво абеја.. :clap: :clap: и да сакам да реплицирам нешто , ке биде сувишно после твојот одговор.. :clap:
    но морам малку :D

    прво...ти како доктор, треба да си помалку невротична, и помалку да ги напаѓаш луѓето...
    второ...каков си ти тоа доктор што оправдува таблети за слабеење, а притоа за истите слуша разни негативни коментари, на кои пак, реагира бурно и со неверување.
    трето...немој молим те ти со твои 30 год да се правиш многу паметна, кога вчера си излегла од клупа....кое искуство го имаш ти, ти се молам....ти допрва треба да собираш искуства и да поставуваш дијагнози .
    хмммм...е тука грешиш. никогаш не сум имала висок притисок, напротив, 110/70...што мене одлично ми прија, ааа и никогаш во животот не сум имала повисока температура од 38, за 28год, само 1 пломбиран заб(другите ми се совршено здрави), инекции фала богу никогаш не сум примила, никакви алергии, тахикардии, камења во бубрези и сл, повеке од аналгин (и тоа 1 во 2-3 месеца) немам внесено во себе....накратко одличен имунитет, а таблетите што сум ги користела биле последица на мојата недоволна информираност во врска со нив, и било кој друг вид на таблети за слабеење( сум немала потреба се до сега)
    дијагностицирај се себе си , зошто стомакот ти е нон стоп подуен...уствари како кога незнаеш... полесно е да кркаш таблети.....
    ахаааа јас барем имав храброст да признаам дека не сум самоуверена , и обожавам грицки и се трудам тоа да го доведам во контрола...секој си има мани, никој не е совршен.
    И уште нешто, јас сум магистар во својата област, и до другата година ке бидам доктор на науки.......но НИКОГаШ не сум кажала дека се знам а и незнам...и ако грешам, знам да признаам, да се извинам...и постојано учам, не се срамам да прашам...(ја знаеш онаа народната...човек учи додека е жив)
    драга моја, нашите професии се тесно поврзани и неможат една без друга....и затоа те молам, спушти се малку на земја, и преиспитај си го својот однос .
    се си кажуваат бројките ...и тоа каков доктор си
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Ве молам,внимавајте на речникот,културата и добрите манири.Нема потреба од агресивно однесување за таблети.Не се надоврзувајте на овој пост и продолжете смирено да дискутирате,секој со своите искуства и мислења.Доколку се најдете испровоцирани од некого,ве молам воздржувајте се,затоа што гледате и сами дека е нечија крајна цел.А со сила никого не можете да разубедите.

    Убав ден дечки
     
  6. Racka

    Racka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    draga moja 69, pred da se pravis pametna i da kazuvas sto treba da prevzemam i kade da prijavam za ovoj slucaj prvo zaprasaj se kade zivees i na kogo treba da prijavis nesto.....na sluzbi inspekcii koi se povrzani megu seba dali po prijatelska rodninska ili partiska vrska....za da na krajot ostanes so prstot vo usta zatoa sto vo nasava drzava nisto ne funkcionira kako sto treba.....Dali sme nie kako Kanada kade strogo se zabraneti ovie tableti eve ti link pa vidi http://www.hc-sc.gc.ca/ahc-asc/media/ad ... g.php#more ili nekoja druga svetska drzava kade postoi red i poredok za se......
    a za dokument i dokaz deka zdravjeto mi se narusi tokmu od ovie tableti imam dokument od mojot maticen lekar i ke cekam pogoden moment da go iskoristam i so krivicna prijava sudski ke baram osteta za narusenoto zdravje (samo da gi dobijam analizite na krvta i urinata od biohemiskta laboratorija)...
    [mod-kirilica:289j25u9][/mod-kirilica:289j25u9]
     
    На nena2010 и T.I.P им се допаѓа ова.
  7. Racka

    Racka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    секаде се забранети само кај нас све проаѓа!
     
  9. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    лично јас сум немала потреба да ги пијам таблеткиве но имам другар и другарка кои ги користеа.Кај другарот на почетокот ги поднесе супер па ги користеше скоро месец дена но немаше ефекти не ослабе ама ич.Додека кај другарката после 2 или 3 таблета почна да се исфрла со мозолки по цело тело.На упатството кое го имало не пишувало дека се забранети за употреба на лица кои се алергични на пеницилин па така и таа заврши во болница бидејќи беше алергична.Најпрво како што реков се исфрли надворешно а потоа почна да се гуши.Доби забрана за употреба на таблетките и листа со продукти за здрава исхрана.
    Како и да е,може некој одма ќе реагира дека муабетов е рекла-казала ама откако ја прочитав темава чувствував должност да ги предупредам оние кои се алергични на пеницилин ;)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    Леле па девојкава можела да умре не дај боже!!! Не бе, супер се апчињава само напред да се труеме :devil: :devil:
     
  11. Racka

    Racka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Kade se takanarecenite doktorki i farmacevti koi gi falea apcinjata da kazat nesto ili pred vistinata i bogovite molcat.......
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.118
    Допаѓања:
    112.718
    Пол:
    Женски
    Ќе се јават де чекај рано е :lol:
     
  13. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    што ќе се јават останаа без зборови :D .Ако некој сака да слабее нема подобар начин од промена на исхраната и физички активности а не тука да се клукаат со таблетки.Безвезеее :rock:
     
  14. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Првите месец дена очи копав ако некој нешто лошо ми збореше за таблетиве....абе нервозна бев нон стоп, дури неподнослива...толку безобразна никогаш не сум била. Ееее после кога еден ден неможев од кревет да станам, кога мислев дека ке умрам, прекинав да ги пијам, и оп се опраив....
    По мое мислење овие делуваат и на нервниот систем. Незнам кај другите дали било така, ама кај мене дефинитивно лошо беше.(може и на ,,докторката,, така и делуваат :D )
    Гледам луѓево и покрај лошите коментари, пак се одлучуваат да ги пијат. Аххх да имаше мене некој да ми каже колку се лоши. Баш тогаш само позитивни коментари слушав :@
    Него ако, нека си продолжат да си бидат тврдоглави, па ке си осетат на своја кожа. :worried:
     
    На hallookitty, T.I.P, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. cleo

    cleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Девојки ,јас ги пиев каапсулите 2 месеца и за тоа време ослабнав 10 кф.без диета и вежби.
    Производот е прекрасен и е на природна база ! Го користев,задоволна сум и сега почнувам да го препорачувам на сите кои што имаат проблем да ослабнат или пак ослабнуваат па им се враќаат килограмите после прекин на извесна диета!

    Доколку сакате да порацате писете ми маил...

    ПОзззз..
     
  16. Anita900

    Anita900 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Не сум била на форум едно добри 2-3 години откако го затворија кадевечер форумот,и еве почнав пак.
    Ме привлекоа неколку отворени теми ама посебно оваа поради контроверзиве околу апчињава.
    Икрено јас си ослабев со вежбање и малце повеќе внимавав на храната,мада и додека држев некаква диета уште не постоеа апчињава можеби и ке сум пробала којзнае,него муабетот ми беше дека имам многу добра другарка која ги конзумираше уште одамна...
    Тоа дека од користење на апчињата мириса чудно или гадливо урината мириса,за главоболките исто така сум слушнала од неа пошто знам дека ја болеше глава едно 3-4 дена и после и помина и и се сушеше устата доста...(меѓутоа пиеше доста течности за овој спореден ефект ако може така да се каже незнам)после тоа веќе немаше проблеми,а дека имала несоници,тахикардии,солабување на имунитет онесвестувања немаше.Ослабе 16 килограми од нив за 5-6 месеци незнам точно,и после само за затегнување редовно си посетување фитнес и сеуште го прави тоа.Веројатно апчињата си делуваат различно на секој организам,мене ме фаќаат киселини од грав некој друг не,можеби уште 10 луѓе тука на форумов гравот или незнам паштета или тестенини им ствараат киселини па незначи дека сите ке се отруеме ако почнеме да конзумираме од истите.Можам само да тврдам дека на другарка ми и помогнаа и немаше никакви несакани ефекти кои би го загрозиле нејзиното здравје
     
    На acvamarin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. acvamarin

    acvamarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    25
    Јас ги земав ослабнав 8 кг за месеципол, ништо негативно не осетив!!! и веке 5-6 месеци не ги земам а си немам вратено ни 1 кг BIG LIKE за апчињата!!!
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. T.I.P

    T.I.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    можеби на некојму делуваат негативно а на некој позитивно но јас колку што глњедам големдел од конзумирачите имаат негативни ефекти така да не би препорацала да ризикува некој ,а јас сум една од тие со негативнитеефекти ,можеби некој има ооијак имунитет и организам и може да ги оподнесе но незначи тоа дека се сто посто сигурни .и јас на пример јадам риба и сиренје или млеко после рибата сто е строго забрането ама ете мене нисо не ми е ,а некој би моѓжел да умре од оваа кмбнација.
     
  19. sike

    sike Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    овој период лани користев слим лајн апчиња ....сушење на уста, мала вознемиреност, неколку пати дневно одеднаш ќе почуствував како се наежувам цела ;) и ослабнав 8 кг, и бев многу среќна и после неколку месеци си ги вратив килата и плус уште некое :$ , и може пак ке се излажев да ги купам ама дознав дека ги покачиле цели 400 денари :envy:
    имам колешки кај кои немасе никакви ефекти не ослабнаа ни кило значи апчињава не се чудотворни кај секој различно делуваат .....обично за проба пари не се земаат ама во овој случај кој има вишок парички нека проба :P
     
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој можеби има искуство со слим акаи бери апчињата ? :) :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.