Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. leontina1

    leontina1 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    добро ај мене што никогаш не ми се биле јасни тие апчиња остај на страна (не сум ги земала) него интересно ми е тоа до 12ч па што ако некој е трета смена и стане во 2? или ако некој едноставно не е навикнат да станува рано...треба да навие аларм заради апчињата? Или и да не му се јаде треба да се буте на сила? Подобро би требало да кажувате пола сат после доручок (пр некој станал во 2 јаде доручок во 3 ручек во 7 а вечера во 2 вечер ахаха) ги има и такви


    и стварно ли се ослабнува со овие дроги бре? :^)
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Да Зоза ,се ослабнува ,полно,ама јас од нив имав несоница,тахикардија,очите нааа-не ко филџани туку тацни ми беа.Се чувствував полна со енергија додека ги пиев,ама пак како секој момент да ќе ми пукнеше срцето.Чуден осеќај-непријатен.Не ги испив до крај,ми беше страв децата сираци да не ми останат :doh:
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ок ондак се ослабува али зошто тоа правило до 12 да се пијат кога некој во година еднаш двапати станува до 12?
     
  5. Bubence20

    Bubence20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас така направив сега,си легнав во 5 и го навив алармот во 10 да станам,уште не расонета јадев :D за само апчето да го испијам на време ццццц уште шо нема да направеме само за да симнеме некое кило.Чудно ми е одма делуват почна да ми се суше устата а прв ден ми е
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ахахах навиваш телефон за апче? Па тоа е тогаш уште поштетно кога срцето уште ти спие а ти му даваш апче со некоја супстанца...наспиј се бре тебе организмот кога ке станеш во 2 ке ти работи како на некој кој станал во 7 утро и пак си ги пиј...демек до 12 пфф ако си има ефект и во 3 да го испиеш ке има
     
  7. leontina1

    leontina1 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    до 12 се пијат за подобар ефект зошто јас пред недела дена испив уште една лента 12 капсуми и не ослабнав ич бидејќи не ги пиев редовно во смисла денес во 12 утре во 15. а под доручек подразбирам време од 8-12ч после 13 ч е ручек поздрав
     
  8. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Поздрав до сите.
    Ве читам до некаде до 17 страна и ќе продолжам до крај сигурно.
    Па да споделам свое искуство. Не верував на ниедни средства ни на хербалајф ни на ништо. Пиев хербалајф некое време и престанав, НИКАКВА реакција на симнување на кг. Демек те заситуваат тие прашоци што ги раствораш во млеко/јогурт/чоколадно млеко и слично, нема грешка, цркнуваш за јадење, мелеш по огромни количини салати и ништо не те заситува, и често те боли глава ако не јадеш како што си јадел порано, или ако не доручкуваш/вечераш.
    После хербалајф пиев уште едни амерички од кои од вц не можеш да искочиш а ништо килажа не симнуваш.
    За слимлајн ми кажа еден близок пријател на кој му се приметуваше доста смалена килажа. Без размислување земав и не се каам воопшто.

    Да продолжам за слимлајн, ги пијам од 2 април, секојдневно по едно пред доручек. Порано откога ќе станев од спиење одма ми се јаде, ми се врти ако не јадам, а да не зборам за доцна навечер, ти текне во 00 или 01 или 02часот седни јади па спиј :rofl:
    Уште од првиот ден со слим лајн испиено пред доручек, јас немав глад ни апетит ни за доручек, доручкував после 2-3 часа откако сум станал од спиење и тоа со минимална храна се заситував. Од првото кутивче софт гел ослабнав 7-8кг и СЕ беше во ред, и повеќе енергија и притисок сосема ист, ма се нај нај. Со второто кутивче мислам дека стигнав до кај 14-15кг ослабеност. Од средина на мај до кај почеток на јуни променив вода, пиев до тогаш изворска од визиана чешмата, после продолжив со бунарска од дома и ме фати запек некое време поради бунарскава вода, после во јуни ситуацијата се среди откако продолжив пак со изворска од визиана(куманово). Но поради запек па после него нормално идење во вц се појавија оние хемороиди. Бев на лекар земав тие мастови и сл... и се среди за брзо време се, бев на анализа на крв и оние 2 работи, секакви тестирање WEBER, tumor testovi и сл. СЕ беше нај нај што може да биде, порано на секоја анализа имав триглицериди и холестерол, сега НИШТО, матичната се изненади од резултатите. Кај што правев анализа на крв, една сестра/докторка ми вели да престанам одма со пиење на овие таблети, многу пациенти имало кои пиеле вакви(можеби мисли на било какви таблети за слабеење) и доаѓале на анализа поради хемороиди, вели ќе си качиш шекер, заеби тоа. Еве веќе го испивам и третото кутивче ми останаа уште 3-4 капсули. До сега од 2 април, после користење на софт гел капсули јас симнав 20кг и се чувствувам скроз одлично. Ги контактирав слимлајн и ми препорачаа софт гел + чај да ја достигнам посакуваната тежина. За овие сибутрамин супстанци ми рекоа дека си имале они резултати од министерство за здравство дека слим лајн не содржи такви супстанци и ми кажаа слободно да отидам во нивните деловни простории и да го видам решението од мин. за здравство. Им верувам и ако осетам нешто случајно лошо со срцево или сл. ќе направам снимки на срце, бубрези и сл. па ќе ви јавам.
    Апетитот ми е сменет од првата капсула, намалена количина на храна е навистина многу. Ако порано сум јадел пример по 1-1,5 леб дневно и многу количина останата храна, сега леб воопшто не јадам, а и останата количина храна е многу смалена. Вода МОРА многу да се пие, јас пијам 5-6л најмалку дневно од ова визиана природна изворска од чешма во Куманово. http://www.viziana.mk/indexmk.html
    Со таблетиве буквално забораваш на она што си го јадел без контрола: чипсови, скари, кечапи, мајонези, сончогледи, чоколади, сладоледи, торти, само кркаш зеленчук, овошје, супи, чорби и сето тоа без леб. Мерак работа.
    Други позитивни/негативни мислења немам, јас сум презадоволен од нив. Каква воља, каков ред во исхрана, какви циркуси, да не беше ова, нити ќе намалиш исхрана нити килажа :rofl:
    Не сум во можност да отидам до скопје да го видам решението од мин. за здравство, но имам пријателка во аптека што работи ќе ја замолам да види а и да провери што како содржи слим лајн во себе. Во план сум секому да ги препорачам слим лајн производите! Поздрав
     
    На Bubence20 и elcezelce им се допаѓа ова.
  9. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Ајдеее, еве и на алфатв излезе оваа вест со сибутрамин:
    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=39121
    Веке ништо не ми е јасно, иако ништо лошо не осеќам од нив, се мислам дали да продолжам со четврта доза x 36soft gel+чај? Или да чекам да се разоткрие ова дали е вистина или е некоја лага. Ако е вистина со тоа што после 3 кутивчиња организмот да меморира колку дневно ти требаат калории, тогаш не ни купувам, бар да не си го загрозам скроз здравјето.
     
  10. Alice136

    Alice136 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Здраво, додека размислував и се туфкав каде да одам да ги пријавам овие СлимЛине производи, еве се јавија од Алфа ТВ и ми ја олеснија работата. Ги купив капсулите и одма уште првиот ден-срцебиење, немир, несоница, внатрешно тресење на телото и нервите кое неможам сосема да го објаснам, чувство на трпки по целото тело, да не зборувам за нервна напнатост и страв А ги купив со таква амбициозност и решеност да испијам 2-3 пакувања со намера да ослабнам убаво. Уште на вториот ден, откако се уверив дека овие симптоми не се од никави други причини освен од Слим Лине, решив да ги оставам. Без никој да ми каже, убедена сум дека овие производи ја имаат штетната материја сибутрамин. Имам пиено порано зелено кафе кое беше повлечено од употреба, и симптомите ми беа сосема исти. На резултатите не им верувам, зашто за пари и мито може да се добие секакво одобрение. Јас рака сечам дека капсуливе се штетни.Си го олеснив џебот ама се надевам дека паметот ќе ми дојде после давање тешки пари по вакви слични производи. Ми требаше цела недела да си дојдам на себе и да го вратам организмот во норамала, физички и психички. Јас тешко ги поднесов и не ги препорачувам на никого. Можеби се слабее, не велам не, ама цената што ќе ја плати организмот за тоа нездраво слабеење е превисока. Да нагласам дека предизвикуваат и хормонални пореметувања. Се надевам дека ќе го послушате мојот совет и ќе ги предупредите сите кои употребуваат СлимЛине да престанат да ги употребуваат. Јас испробав на моја кожа и затоа ви кажувам. Поздрав
     
    На silvice му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Jас мислам дека сите конзументи и сите дистрибутери треба една тужба да му опнеме на слим лајн што не труеле со ваква дрога.Јас на почеток ништо не осекав,но после три дена по ред добивав тикихардија и последниот ден мислев дека ке умрам.Страшни работи ми се случуваа во организмот.Мислев дека ме боли секој мој орган.Доктор ми кажа дека трајно го оштетуваат црниот дроб и оние што немаат родено од 36 апчиња големи се шансите да станат стерилни.И сега кој ке одговара за ова???
     
    На Alice136 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    си ветив дека нема да пишувам на оваа тема повеке ама ај ке си го прекршам ветувањето :P

    и јас ги пиев минатата година овие таблетки и од првото пакување не ми беше толку страшно....ама од второто...ке умрев ...сите можни симптоми ги почуствував. и за што??? за некои 3 кг за едно паковање и да си го изгубам здравјето само за да ослабам....неееее.
    И од кога ги прекинав за рекордно време јас накачив дупло. Е тоа беше периодот кога кажав стоп и решив да се погрижам првенствено за моето здравје, со здрава храна воведувајки многу зеленчук и овошје....и оп чудоооо.....ослабев 17кг за 3 месеци, без гладување и по малку физичка активност, што секако помогна да не останам свисната после слабеењето.
    Значи ни еден успех во животот не се остварува преку ноќ....за се, ама баш за се треба малку труд, за крајниот резултат да биде траен и навистина успешен. Секој може да успее, ама баш секој. Е сега треба мала жртва, ке има по некое разочарување затоа што не се одвива со неверојатна брзина, но сепак, најважно е луѓе здравјето, и не си играјте со него.
    Телото ни врака за се што му правиме...ако не сега тогаш подоцна.

    Само малку контрола и верувајте ке успеете и без таблети. Можеби не за 1 месец но со малку вежбање и контролиран начин на исхрана, гарантирано до наредното лето ке имате тела како оние од списанијата.......а најважно ...ке блескате од здравје

    никој од нас не станал дебел преку нок, а и не се станува згоден со прејадување и нездрава храна. И наместо 2000 ден за апчиња, уплатете си фитнес, пилатес, аеробик....ем социјализација, ем огромно задоволство на телото и духот. Наместо 100ден за хамбургер, ке си купите свеж ананас, или намирници за овошна салата.........сакам да кажам, има решение за се, а таблетите не се трајно решение и може да предизвика многу повеке негативни ефекти.
    Поздрав и чувај те се ;)
     
    На 4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    На Alice136, nena2010, She и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.120
    Допаѓања:
    112.738
    Пол:
    Женски
    Одам да купам шампањ!!!!!
     
  15. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    den potoa, toest 109-ti den, isto se custvuvam kako i prethodnite 3x36 soft gel kapsuli/denovi. Ke povtoram, so zdravjeto mi e se ok, pravev na pocetokot na juli analiza na se i se bese naj naj, da ne pisuvam povtorno go imate komentarot pred nekolku dena. Planiram i da napravam pregled na srce, bubrezi, tiroidna i pluca pa da si bidam 100% siguren.
    Mnogu mi e cudno sto od lani nekade komentirate deka vi e loso i nikoj nisto ne prevzema, sega vo poslednive denovi udrivte aktivno preku televizii i slicno? Zosto tolku vreme da se ceka?
     
    На kosmar4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    јас лично не сум ги користела но една моја комшика да. ги пиеше околу 3/4 месеци и кажуваше дека ја карало на нервоза..онака без причина се нешто ти смета..и отишла на д-р откако и направил тестови и забрани да ги пие капсулите...а линијата сеуште си ја држи иако престана да ги пие капсулите...
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Се правиш будала со сила.
    Зашто толку се чекало? Не ти е јасно каква ни е државата?
    Дете убија на плоштад па овластените негираа, па им требаа 3 дена да кажат, со очевидци и глупости, а ти тука се чудиш за едни апчиња. Нема кој да превземе, си збориме само ние тука....
    Забегав во друг правец ама сакав да кажам дека ако нешто кај нас е легално, не значи дека е добро. Ко дивиот запад сме. Сепак за здравје се работи и сами треба да сме си одговорни, не да чекаме некој друг да превземе нешто

    Јас незнам што ќе ви се 60кг наместо 75, ако изгледате како да ве прегазил камион. А зашто? Затоа што не сте доволно силни и со цврст карактер за да бидете на здрава храна

    стварно се извинувам ако грубо напишав и навредив некого, ама си играете играчки со здравје
     
    На Alice136, nena2010 и melanie27 им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.120
    Допаѓања:
    112.738
    Пол:
    Женски
    Slim line не смее да се пие дури ни во комбинација со кафе
    среда, 20 јули 2011, 15:57
    Примерок од Slim Line производите ќе се испитува и во референтна лабораторија во Европската Унија. Ако и таа лабораторија, како онаа на Институтот за јавно здравје, потврди дека во производите има Сибутрамин – производите Slim Line комплетно ќе бидат повлечени од македонскиот пазар.

    „Бидејќи се работи за супстанца која е недозволено да биде присутна во препаратите, веднаш е издадено решение за повлекување од продажба на препаратите кои веќе се во продажба, додека за оние производи кои се во залиха, издадена е мерка за забрана за пуштање во промет“, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

    Рунтевски вели дека апчињата за слабеење не биле испитани при последниот увоз во октомври лани, бидејќи тогаш компанијата Slim Line Club немала обврска да побара потврда од Агенцијата дека производите одговараат на стандардите, бидејќи законот што ги обврзува на тоа е донесен дури годинава. Надлежните не се посомневале бидејќи во составот на производите Slim Line не бил наведен Сибутраминот.

    „По законот за безбедност на храна, доколку вие имате супстанции во производот, а истите не ги наведувате во декларацијата – тоа претставува прекршок за кој што следи одредена парична казна“, додава Рунтевски.

    Лекарите и натаму алармираат за негативните последиците од Сибутраминот. Велат дека во никој случај не смееат да ја користат луѓе кои имаат здравствени проблеми - зголемена активност на тироидната жлезда, срцеви проблеми, висок притисок, заболувања на бубрезите и џигерот. Сибутраминот не смее да се користи во комбинација со алкохол и кафе, но и со лекови за алергија, кашлица, болка.

    Извор Алфа тв.
     
    На melanie27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.120
    Допаѓања:
    112.738
    Пол:
    Женски
    А каде се сега дистрибутерите на слим лајн да го одбаранат производот??
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Дистрибутерите сега не треба да се бранат пред нас на форум туку на суд
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.