Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    Ја мислам пак со глава у ѕид да маваш и да си ги продужиш да ги пиеш. алооооооо!!!!
     
  2. cvetcinja

    cvetcinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    луѓе ова е голема хајка помеѓу дистрибутерите и сопствениците, тие бараат голема сума на пари а овие не им даваат. Ги фалеја претходно дека се супер, а сега ги критикуваат па не лижете кога веќе ќе плукнете. Јас ги пиев имав супер резултати ослабнав и сум среќна а од 1000 души само на 10-мина ги негираат дека се разболеле после тоа. Па и еден пеницилин не дејствува исто кај сите поздрав[/quote]

    Мене лично ама ич не ми е гајле како излегла вистината на виделина. јас кога ги нарачав сто пати прашав ДАЛИ ИМА НУС ПОЈАВИ??? Ми рекоа НЕ!!!! А јас знам што видов. Кога им кажував дека има Субитрамин ме правеа будала и што све не, за сега да си признаат. Така да претпоставувам дека и ти си дистрибутер па затоа си овде уклучена за да го браниш отровот, ама реалноста е друга. Сега и 1000000 постови да ставате овде и на било кој друг форум, а гледам и на алфа тв сте екипирани со коментарите џабе ви е. Кога ваш човек ќе ги извлече валканите работи на виделина, веќе е касно.[/quote]
    Не сум дистрибутер и не убедувам никого, го писав она што го знам и ги имам искусено, оние што решиле да ги конзумираат пак ке си ги конзумираат а оние кои не сакаат гратис да им ги даде некој не ги зимаат. поздрав
     
  3. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    пак ке кажам нити сум дистрибутер, ти кажав и се колнам во се што имам дека НЕ СУМ дистрибутер. Ги купував од албанка во куманово која има салон за убавина ако сакате и име ќе ви кажам. Веројатно таа е дистрибутер или сл. не ме занима. Лично не осетив ама ништо лошо од нив, како и само неколкумина овдека. Веќе ви пишав, ги пиев сите 108 но на крајот пред да снемам, морав да им пишам на слим лајн клубот што да продолжам, дали само софт гел или уште нешто(бобинки или кафе/чај). МИ кажаа дека софт гел е најјак, можам да дополнам со чај да оди поубрзано. Ми стигна одма друг мејл од една девојка која е бивш вработен и ми пишала ДА НЕ ги пијам повеќе ако сакам да си сочувам здравје. Ја прашав што како од каде она знае што сум пишал мејлови на слим лајн, ми даде телефон се слушнавме и ми рече дека содржат сибутрамин. Е после тоа седнав на гугл пишав слим лајн сибутрамин и ми даде неколку страници од кои и ОВАА на која се зачленив и пишувам. Им пишав пак на слим лајн, таа Марија кажа дека немаат сибутрамин, не знае што им е на овие што пишувале овдека и сама некого контактирала демек и самите тие не знаеле зошто негативно пишувале овдека. МИ кажа: Повелете во нашите деловни простории имаме решенија кај што правевме анализи и нема сибутрамин.
    Ги допив уште тие 3-4 капсули и тоа е тоа. Не купив нови.

    После веста на алфа пак им пишав на слим лајн клубот и ги извреѓав зошто лажат. Немам одговор нити ќе имам.

    Друго на форумов не ме интересираше, битно ми беше искуство на сите нас што ги пиеме. Се надевам дека сега ви појаснив. Инаку чекам одговор од другар кој ги пие одаамна, мислам дека е од декември наваму, ќе видам што ќе ми каже како е. Ќе повторам, ни забрзано срце, ни ништо, се ми е во ред, правев и анализи на крв, мокраќа и из...т СЕ нај нај. А вода како што реков, пијам најмалку 4л дневно, верувале или не, ваше си е, ни проблем со бубрези ни ништо. И во право си, и да пиеш така дневно без капсуливе толку количина вода ќе ослабиш, тоа брат ми ми го кажа! И сеуште пијам толку и редовно си идам во вц и се е ок, и апетитот е ист како да ги пијам сеуште и слабеам сеуште, еве веќе ги изминувам 23 кг ослабеност, одам накај 24кг. Поздрав.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Темава не е за убедување кој е дистрибутер, кој не е. Се знае, дистрибутерот ќе го нуди производот, а некој сака само да каже искуство, а ваше е дали ќе верувате или не. Затоа ве молам да не оди оф топик и да не се уништува темава, задржете се на искуствата, дали биле позитивни или негативни.
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.401
    Допаѓања:
    33.724
    Пол:
    Женски
    Е па драги мои феминики да го пренесам и јас моето искуство со таблеткиве. Моја колешка од факс за рекордно брзо време т.е за време на минатиот летен одмор ослабна скоро 20 кгр, значи своето тело го доведе во топ форма, онака како што она тоа го посакуваше, ги немаше сите оние ,,салца,, и ,,бутчиња,, како претходно итн. На нашето воодушевување од нејзината витка става и нашето прашање што стори за толку брзо време она одговори дека сега се храни здраво и дека никакви пилули не му помагаат на човек да ослабне, што нам ни беше чудно зашто она јадеше дупло повеќе од нас а не се дебелееше и се остана на тие нејзини фрази дека на природна база ослабела. Кога пред некои 4 месеци му пишува на мојот брат(кој беше решен да најде начин да ја намали својата тежина) дека слим лајн се ЛЕКОТ. Значи таа ослабнала со помош на овие пилули а во исто време не лажела и нам. Нема врска тоа, јас се решив да ги купам без знаење на никој, ги пиев скришно и на почетокот ги имав оние симптоми на исушеност на грлото и устата, потреба од прекумерно количество на вода и што е најважно почнав да потам а имав проблеми со потните жлезди 10год. Кога ги допив апчињата случајно скокнав на форумов и кога го прочитав сето ова останав ПРЕПАЛЕНА. Што сум направила помислив? Но освен горенаведените негативни страни немасе нисшто друго сериозно, а во врска со менструалниот циклус, јас до тогаш немав редовен мен.циклус но од тогаш се е нормализирано. Резултати има видливи од едно паковање 36 капсули некои 10 кгр. но сепак цврсто сум убедена дека се е на психичка база и дека правиме гоооолеми грешки со овие пилули. Сакав само да ви го раскажам моето искуство за слим лајн,искуство со позитивни резултати но колебање и жалење за секогаш.
    поздрав
     
  6. DaciTDac

    DaciTDac Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    нешто најдобро на пазароф до сеа.25 кг за 3 месеци wow :emo: презадоволна сум.
    Паузирам 2 месеци и не ми се врати ниту килограм,а јадам нормално.Највеќе ми се свиѓа шо пред да ги пијам капсуливе бев напаст за слатки , сеа повеќе од 1 редица чоколадо неможам ни да смислам и исто така тоа шо ми остана навиката да си пијам вода ( лајк) :clap:

    А инаку гледам јака битка се води на форумов...како и да е јас си пробав и си добиф посакуфаното и ни треба некого да убедувам нити да ме убедуваат.Презадоволна сум :rock:
     
    На Baby23Baby, kosmar4e, majmunce25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Супер, јас до сега симнав 26кг, цели 6кг од 18 јули од кога ги завршив оние 108 софтгел капсули. Пред некој ден еден другар купи софт гел па ке видиме реакции. Важно ми е дека не качив ни грам повеќе од како ги завршив, а имам исти апетит(драстично смален од порано пред пиење на капсуливе) и исто одлично чувство(без никаков здравствен проблем) исполнето со енергија, мерак. А случајно скокнав сега на сајтот на слим лајн гледам официјални резултати од анализа дека нема сибутрамин, супер. :D Ако случајно ми престане слабеењето и да стои на 26кг ослабеност, можеби ќе земам уште една кутија софт гел. Сите маици и шорцеви кои стоеја така(не можев да ги носам :rofl: ) и беа L, M, сега комотно ги носам без никаков проблем, некои се и доста широки сега :rofl:
    Ќе кажам збор два за контакт екипата на слим лајн. Бидејќи после веста на алфатв ги прашав зошто лажат дека немало сибутрамин кога на алфа кажаа дека има според некои анализи, последно што добив од нив е дека допрва ќе се расчисти проблемот и хајката против нив, а доколку некој има некое штетно дејство од слим лајн нека докаже на суд.
     
    На kosmar4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Цитирам:
    "Кога почнав да ги користам, се јавив затоа што не можев да го отворам нивниот ПДФ фајл дека се безбедни. Ги побарав на телефон и им кажав дека документот не се отвара, одма го симнаа. Зошто ви е сертификатот/ реков, па алергична сум па сакам да проверам нешто. - Обратете се на нашиот стручњак. - Кој стручњак е тоа? - Пишете му меил. А меилот беше стручњак@ѕахоо.цом. Да се скинеш од смеење. И типов као ми објаснува слободно пијте ги, нема ништо страшно. Се јавив на хемиски факултет, ми рекоа дека им е забрането да зборат затоа што ги увезувал некој владин човек. Од Организацијата за заштита на потрошувачи ми го рекоа истото. Значи сите знаеле дека апчињата не чинат. Кај мене се последиците страшни и ќе поднесам приватна тужба. Типот се нафатира со пари, така да сега е џабе што збориме... "

    Ова е коментар под статија од алфа тв...
    Извор http://www.vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=39407

    И јас пробав да го отворам документот кој само така стои на насловната страна но без успех, а зошто е тргнат откако почна да се расветлува случајот? Дали нешто кријат па знаат дека документот не им е валиден? Тука нешто смрди.

    Читам некои се фалат пиеле по 4-5 литра вода од апчињата, алоо нормално ли е тоа, па вода се пие од 2 до 3 литра дневно, што е многу-многу е. Премногу вода може да доведе до нерамнотежа на натриум во организмот! Со самото тоа што предизвикуваат таква дехидратација на организмот се гледа колку се истите "ЗДРАВИ". Водата се пие постојано а не кога ќе дехидрираме. Дехидратацијата значи дека нешто не е в ред во нашиот организам, дека постои некое пореметување одн.дисбаланс. Жедта доведува до тахикардија и нагол пад на притисокот особено при станување, исправување на телото. Се јавува депресија и зголемена раздразливост, делириум и кома. Се намалува излачувањето на мочката и таа е концентрирана и темно жолта. Колку ненормални последици и пореметувања и пак не признаваат дека се штетни демек на секој различно делувале. Сигурно и кокаинот едни ги прави зависни други не :^)
    А во денешно време особено кај нас кај што ништо не функционира како што треба може многу лесно да се добијат посакуваните резултати од тестовите. Плати па клати. А разбрав и дека им праќале посебна пратка на примероци кои не содржат сибутрамин само за да поминат на тестови. Ама кога веќе еднаш го утврдиле неговото присуство зошто да затвораме очи пред вистината? Тоа е факт. Потрошувачите се ИЗМАМЕНИ.
     
    На silvice, Chupe, rajna-vojvoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Не знам кој е тој кој не можел да отвори пдф резултати или било што, на главната страна што ги има што вртат како новости тука не сака, но овде во новости го има соопштението :
    Со овој допис и прилогот на дописот се обраќаме да Ве известиме дека денес 25.07.2011 поднесовме до Алфа ТВ БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВА НА ОДГОВОР.............
    http://www.slimline-club.com/index.php? ... 65&lang=mk
    + резултати од испитување:
    http://www.slimline-club.com/images/sto ... apsula.pdf
    Јас сум тој кој пие по 4 литри вода секојдневно(некогаш и повеќе, бидејќи само вода пијам, сокови/алкохол не), и тоа визиана(http://www.viziana.mk/indexmk.html) од чешма кај што може да си наполни кој сака и колку сака. Имам и бунари дома, но оваа од визиана ми е супер и пијам толку количина и немам НИкаков проблем, ја пијам од октомври наваму скоро без прекин. Па ти сега верувај или не, тоа е. Не лажам. Бунарската ја пијам цел живот, но некако при слабеењево не ми беше баш нај нај за пиење, но оваа визиана колку ја пиеш толку повеќе ти се и пие. Така да, првенствено ја исполнував нормата од 2 флаши вода во тек на пиење на софт гел, и постигнав резултати кои не сум имал шанса никогаш да ги постигнам. Само се надевам дека ќе излезе се на виделина со апчињава околу штетни супстанци да се знае веќе еднаш што сме воопшто пиеле, ако е ок се, супер, драго ќе ми е што по ваков пат успеав да ослабнам за скоро 4,5 месеци 26кг.
     
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    и водата ако се пие во преголеми количини е штетно опасно по здравјето..скоро баш читав во моментот не ми текнува каде,за некоја жена која учестувала на некаква наградна игра кој ке испие најмногу вода..жената испила 7,5 литра вода и победила..после тоа се жалела на главоболка и утредента ја нашле мртва..препорачливо е да се пие 2-3 литра дневно..количината од 7 литра е опасна по здравје..организмот не може да ја исфрли таа количина на течност и доага до полнење на органите со вода..
    p.s.еј а ја денеска купив мусли од слимлајн да не се и тие штетни мајка му стара,шо читав тука за капсулите ме уплашивте,да ги фрлам или да ги јадам :^) :D
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.122
    Допаѓања:
    112.765
    Пол:
    Женски
    Фрлај :D
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека не може да ги отвори нивните нови резултати туку нивниот сертификат кој порано стоеше на страната и можеше да се отвори, веќе не може.
    Сега кога веќе е утврдено присуството на сибутрамин не се осеќаш како измамен потрошувач, дека те лажеле дека нешто не постои а постоело?
    Поголемо количество на вода е потребно покрај другото и при труење, па ете ја причината зошто слим лајн таблетите предизвикуваат толкава жед.
     
  13. devojka87

    devojka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    znaci navistina nesto ne mi e jasno:Do kade moze da odi covekovata glupost?pa dobro bre luge,bez razlika dali e dokazano ili ne, dokolku postoi i najmalo somnevanje deka nesto ne e vo red so ovie (ili bilo koi drugi) kapsuli kako mozete so mirna sovest da gi piete? zar ne vi e strav deka moze preku nok srceto da vi otkaze? neli kaj sekogo razlicno deluvaat,pa ok zosto bas kaj vas da ne se pojavi toj nesakan efekt? moze ke se pojavi moze ne, no za da go prifatis toj predizvik treba da si lud! da bea tie kapsuli ok bi si gi stavile ubavo vo upatstvoto i nesakanite efekti,kako i kaj site normali tableti, pa ko voli nek izvoli. nekolku god rabotam vo apteka pa ne sum sretnala tabreti bez nesakani efekti,ovie ke da se nekoja vansvemirska formula!!
    i drugo nesto,za vodata!aj ve molam objasnete mi kako bi funkcioniral mojov organizam,koj e naviknat na edvaj polovina litro voda, da ispijam jas 5 litri voda samo onaka?ke zavrsam na dijaliza!
     
  14. devojka87

    devojka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    poentata mi bese deka ne moze da pravat takvo poremetuvanje na organizmot a da bidat zdravi. nema poenta korisnicite da gi ocrnuvaat kapsulite ako navistina ne im se pojavile tie nus efekti, a od druga strana pak distributerite ite kako imaat zosto da ne gi prijavat nesakanite efekti!
    sorry za of topik ama moram i ova da go dodadam: nekade po forumov procitav deka nekoja doticna sandricka1 distributerka na ovi proizvodi zarabotila 9iljadi i nesto evra za 3meseci so citiram -24 casovno rabotenje- ja povikuvam istata da me prosvetli kako vo drzavava se zarabotuvaat tolkavi pari zosto jas ocigledno sum glupava!zelna sum da naucam zosto do sega mojot 24/7 raboten rezim nema takov efekt. i dali posle se ova ne i e ni malku krivo sto pecalela na smetka na tugo zdravje?
    se izvinuvam za latinica no nemam mak podrska na ovoj komp...poz feminki i sekoe dobro
     
    На sandricka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sandricka1

    sandricka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    devojka87...vo sekoj multilevel mozes da zarabotis ne 9 nego 109 iljadi evra ako go razbiras sistemot. vtoro..taa istata sandricka se drzna da napravi analizana hoodia i javno da gi objavi rezultatite deka se pozitivni. a deka sum pecalela na smetka na tugo zdravje nemozes da potvrdis bidejki i jas gi piev slim line soft gel ..znaci bev najprvo konzument. 99% od distributerite na slim line club se i konzumenti. a ako sakas da zarabotis 9000 evra vo bilo koj multilevel obrati mi se za sovet so draga volja ke ti pomognam :))...vo bilo koja firma ne samo slim line....za site ostanati da nemate dilema...
    http://iph.mk/index.php?option=com_cont ... ps&lang=mk
     
  16. majmunce25

    majmunce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Јас и порано сум пиел бунарска вода околу 3л дневно, па така да и сега не ми е проблем и повеќе од минералнава. Не знам, едноставно дали дека е лето сега, пиеш без проблем, а си јадеш нормално(секако намалено поради таблетиве и нивното дејство).
     
  17. dijana2-0

    dijana2-0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Jas gi koristev slim line i mozad da kazam deka ima efekti 12 kg za mesec dena ama mislam deka se stetni i sakav da prasam dali postoi moznost da se poremeti mestrualniot ciklus poradi ovie apcinja!!!minatiot mesec bese se vo red ama bev na pocetok so pienje na apcinjata ama ovoj mesec mi nema dojdeno :/ odnosi sum nemala otkako mi zavrsi prethodnata menstruacija...Ve molam kazete me dali mozat da mi nastetat na menstrualniot period..
    Fala
     
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    пролистај малку назад ке го најдеш одговорот....ДА! Може да ти наштети,а ти и покрај сите овие срања кои ги открија упорно ги пиеш?
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, сите што се како препарати за слабеење. Без да се испотиш, а да јадеш нормално, не се баш здрави. Затоа што ти неможеш да ослабеш туку така. Иначе не се до толку штетни. Зависи кај кој организам, нормално е тоа. Тука се работи за конкуренција, затоа што во последно време тие се најпродавани. :)
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Една другарка 5 кила ослабе од едно пакување, јас не би пробала сакам слабеење со лесна диета и со спортување вакви хемии не
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.