1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

СлимЛајн (SlimLine)

Дискусија во 'Канта' започната од Daddy.princess, 11 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.327
    SlimLine

    1.http://www.fda.gov/Drugs/DrugSafety/Pos ... 198206.htm

    2.1.http://www.fda.gov/Drugs/DrugSafety/Pos ... 191652.htm
    Првиот линк се однесува на истражувањата кои се направени во врска со супстанцата sibutramine, а вториот дека во САД оваа супстанца е забранета и повлечена од пазар.
    Оваа супстанца предизвикува срцеви и мозочни удари и други кардиоваскуларни проблеми, така да прочитајте добро и размислете дали вреди да се ризикува сопственото здравје!
    Цврсто бев убедена дека се штетни но многу луѓе од мојата околина ги употребуваат а и гледам има многу на форумот кои ги пијат и се фалат со резултатите,па затоа истражував малку и најдов тоа што го тврдев.Имаше погоре пост во кој една форумџика се обиде да ги појасни последиците но и побараа линк, па еве ви ги линоквите.Девојки здравјето е најбитно,а ако сакате да ослабете само здрава исхрана и вежбајње.
     
    На sakamdaoslabam, Marmalade, She и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    SlimLine

    Катастрофааа :tmi: ....сегде забранети само кај нас не,сегде се по 10дол(500ден) а кај нас 1800 :@ ццц значи каков народ сме се би напраиле за пари :puke: Јас ги пијам апчињава веќе 2 месеца,имам другарка што ги пие повеќе од 4 месеци :worried: по овие информации остатокот од апчињата ке идат во канта :headbang:
     
  3. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    SlimLine

    Овде никаде не пишива дека slimline капсулите содржат sibutramin?? Зеленото кафе Леонтина и голд 800 содржеа sibutramine и беа повлечено од продажба, сибуртамин е синтетичка супстанца која е во повеќе земји забранета, меѓутоа во некои може и сеуште с епродава во аптеки. Не го кажувам ова дека ги оправдувам slimline капсулите, никогаш не сум ги пробала не ни планирам, меѓутоа зашто без потреба да се ствара паника кај оние кој веќе ги користат дека содржат сибуртамин кога никаде не е наведена таа супстанца, а и во листат на фда на забранети производи не стојат наведени. Meridia, zeleno kafe-leontina i 800 gl, Reductil се повлечени и немаат зелено светло за продажба баш поради сибуртамин, но не и slimline капсулите. и пак ке кажам дека сибѕртаминот во некои земји с екористи како лек кој се издава со исклучиво со рецепт за третирање на гојазни особи (не спагаат тука луге со +5,10 кг) меѓутоа лицето мора де е под контрола на лекар кој ке ја прати неговата состојба, т.е како го поднесува лекот.
     
  4. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    SlimLine

    Девојки...многу ми е жал, и се извинувам што во неколку наврати ги фалев таблеткиве ;(
    незнам зашто овие нашиве ги одобриле за продажба, кога уствари се работи за едни исти капсули, т.е botanical slimming soft gel и slim line soft gel е еден ист производ.
    еве го линкот што они си го поставиле на нивната веб страна ( сертификатот) :
    http://www.slimline-club.com/images/ser ... le_new.pdf
    Искрено, не би сакала да навлегувам подлабоко во овој проблем, зошто незнам кој го штити грбот на оваа т.н компанија.
    Остатокот од моите капсули завршија во канта и сега одам да си купам орбитрек (колку и да немам време за вежбање, ке го најдам па што сака нека биде )
    и мој совет...доколку некогаш имате потреба од било која таблета, макар и за главоболка, купете си ги некаде од државите од еу (франција, германија, швајцарија) затоа што колку толку ке бидете посигурни во тоа што ставате во уста
     
  5. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    SlimLine

    Добро е што не ги земав пак, значи дефинитивно тие се. Ете си пишува и во сертификатот :sweat:
    Јас имам уште поплаки од нив другарка ми беше зачленета и ми рече дека биле тешки преваранти. Она им ѓи има препорачано на луѓе што ги имаат пиено ептен долг период и сега и е криво. Леле мислам дека утре ќе одам да направам ехо на срце, ме фати страв :sweat:
    Да не планира некој да ги тужи?
     
  6. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    SlimLine



    мачко, и јас се мислев за тужба, ама се подразмислив малку. Чим имат дозвола за продавање, као се е ок со капсуливе, имаат некој што ги штити, и тоа некоја од нашиве битни фаци сигурно. И верувај џабе само ке фрламе пари по адвокати и судови, кога ништо нема да постигнеме. ( сите знаеме како стојат работите во нашава т.н државичка)
     
  7. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    SlimLine

    не ми е јасно зашто кревате паника, кога во содржината на апчињата не пишува нигде дека ја содржат таа супстанција,
    нити во сертификатот добиен за кај нас во Македонија, кој го има закачено на веб страната не пишува дека содржат sibutramin?

    како ги поврзавте работите?
     
  8. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    SlimLine

    Епа нели во сертификатот пишува botanical slliming gel kapsuls, така се регистрирани. Во америка тие апчиња се забранети зошто ја содржат таа супстанца што може да предизвика куп кардиоваскуларни болести. Сите рековме дека прават тахикардија, која може да е и најмалиот проблем што го предизвикуваат капсуливе :sweat: :sweat:
    Не сакав јас да ги тужам само две ленти имам испиено, ама другарка ми ги има пиено 3 месеци и мајка и ги пиела 5 мислам, а некоја жена 1 година и уште на колку луѓе им ги има испофалено. Баш вчера ми рече си ја отрув цела фамилија. Она беше член и рече дека биле многу нефер. Требало на крај од месецот да ти исплаќаат процент од продажбата, а врска немало. Ова и на нивната страна го пишува :x :x :x
     
  9. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    SlimLine

    па добро...дај боже да грешиме, ама работата е во тоа што се работи за оној забранетиот производ, а тој е овој нашиот што го пиеме (убаво си пишува таму), само најверојатно во сменета опаковка. Не пишува во тестот дека ја содржи супстанцата затоа што нормално ке биде повлчен од употреба, и тогаш како некој ке заработи на туѓа мака?
    Баш ми е жал, но сите бараме доказ некој дека не сме во право, а сега за сега со таков не сме се сретнале. Сепак се работи за здравје. :(
     
  10. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    SlimLine

    Убаво што сте се потрудиле да најдете нешто,јас ете слушајќи ги сите како се фалат дека ослабеле ај брзо и јас (за 5-6 кила само па да ги решам по брза постапка) ги земав летото да ги пијам.
    и истот што го прочитала ал-вик јас си го осетив на самата себе,значи тархикардија имав дури да неможам да спијам навечер од што ми тропаше срцето,вода ми се пиеше-мислиш ке умреш ако не се напиеш и пак си жеден и многу е незгодно ако си на работа или негде на состанок да трчаш до тоалет цело време,јас бидејки нон стоп зборувам пред луге неможам да седам со шишето во рака да пијам вода.Бев максимлано омалаксана,без енергија,некако нит ти се јаде и да речеш ај ке каснам да не ми се лоши,од самата помисла на храна ми се лошеше..ем гладна ем ми не ми се јадеше.Истото беше и со другарка ми,таа ги пиеше во комбинација со кафето,и двете бевме утепани и заникаде со жолт израз на лицето.
    А ефектите беа миниманли-3 килограми за цел месец.
    Така да јас сум од тогаш поборник за здрава храна и вежбање отколку труење со некакви таблетки,цитракс,медобил,физиодиур,хербалајф...све е тоа иста глупост,чим престанете да ги пиете и сси се вратите на старата исхрана-се враќаат килограмите учте побрзо отколку што сте ги изгубиле.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    SlimLine

    јас незнам дали се стетни или не али знам има ефект ги пиам уште скоро месец ипол , првиот месец симнав 8 кг , но сега нема толкав ефект и апетитот ми е зголемен , па се мислам дали да го порачам и кафето за поголем ефект па луѓе иде нова годинааа.. :))
     
  12. jmila

    jmila Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    SlimLine

    Здраво девојки, моментално имаат нова цена... како што прочитав се околу 2100 денари. :| поздрав
     
  13. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    SlimLine

    Ем шуто, ем боде
    Ем не ги бива, ем поскапи
     
  14. eleni982

    eleni982 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    SlimLine

    Јас ги пијам веке 26 дена и на почетокот навистина немав апетит и само пиев вода, мегутоа имав и тахикардија и несоница, често ме боли глава и неможам да одам во тоалет освен секако водата што ја пијам мора да ја истрошам. Последниве 2 недели апетитот ми се врати иако сеуште ги пијам и можам само да кажам дека сум ослабена 2 кила преку сила затоа што апетитот се враќа и ем килажата ке си ја вратиме ем ке си го заебеме здравјето....а упорно продолжувам и ќе ги испијам и овие 10 капсули што ми останаа
     
  15. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    SlimLine

    Е ова не можам да го сфатам,свесна дека НЕМА некој ЕФЕКТ, ЛОШО ТИ ДЕЛУВА НА ЗДРАВЈЕТО, А СИ УПОРНА ? :worried:
     
  16. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    SlimLine

    Здраво девојки, моментално имаат нова цена... како што прочитав се околу 2100 денари. :| поздрав[/quote]

    Мене денес треба да ми стигнат и се 1850, не се 2100денари.....
     
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    SlimLine

    Луѓе бе не си играјте така со здравјето :worried: , не можам на никој да му наредам да ги пие или не, ама има 1000 други поздрави начини да ослабнеш ако сакаш :?:
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    SlimLine

    Другарка е дистибутер и вика после 10 Јануари се со нова цена од 2100 епа наздравје ;)
     
  19. lludaca

    lludaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    SlimLine

    јас за 13 дена ослабнав 7 килограмии и мислам дека капсулите се ефикаснии и во денешно време се е штетноо
     
    На tanjamkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vodolija1975

    vodolija1975 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    SlimLine

    jas imam koristeno od kapsulite .ispiv pola doza i voopsto ne oslabev imav golemi problemi dodeka gi piev,voopsto ne spiev , nemozev da odam vo wc, voopsto ne bev raspolozena, srceto mi bese zabrzano.vi preporacuvam nemoj da se lazete da gi pijate
    [mod-kirilica:x5v70uvs][/mod-kirilica:x5v70uvs]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.